ДИК едногласно донесе заклучок во кој стои дека деколку граѓаните кои ќе се идентификуваат со биометриска патна исправа издадена од македонското МВР, а во која адресата не е од земјава не смее да им се дозволи да гласаат и покрај тоа што ги има во избирачкиот список.
Овој заклучок го денесе Државната изборна комисија по разгледување на барањето од ОИК Ресен во врска со остварувањето на гласачкото право на граѓани кои се идентификуваат со биометриска патна исправа издадена од МВР, во која како место на живеење е наведена Р. Албанија, а сепак се заведени во Избирачкиот список.
Овој заклучок ќе биде препратен до сите опоштински изборни комисии.
Во видеото погледнете го заклучокот соопштен од претседателот на ДИК, Борис Кондарко.