Според последните информации од Државната изборна комисија, по завршени броења на гласовите во 52 општини, ВМРО – ДПМНЕ освоила 50 градоначалнички места.
СДСМ има двајца градоначалници во Стумица и во Ранковце.
Во 28 општини ќе има и втор круг на гласање, објавија пред малку во ДИК.
Центар, Скопје, Карпош, Бутел, Битола, Струга, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Велес, Делчево, Ресен се најголемите општини каде во втор круг ќе се бираат градоначалници.
Сепак, од ДИК истакнуваат дека од 60 изборни места, не се обработени податоците во уште 6 гласачки места за општина Центар.
Во општина Карпош недостасуваат гласовите од две места, а за градот Скопје не се добиени податоци од осум изборни места.
Во Битола, за каде вчера беше објавено дека се води мртва трка, од ДИК информираат дека фалат гласовите од уште четири изборни места.
Ова се нецелосни податоци добиени од записите од општинските комисии, од ДИК најавуваат дека во рок од 48 часа, односно во среда ќе бидат објавени конечни податоци од локалните ибори 2013.