Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Затворени сите избирачки места

0
By Нова ТВ on April 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите 78 избирачки места во четирите општини каде што денеска се гласаше вториот круг од локалните избори и беше повторено гласањето во 19 часот се затворени, информираат од Државната изборна комисија.

По затворањето на избирачките места можеа да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Од 19 часот започнаа да течат и роковите за претставки до Општинските изборни комисии односно ДИК.

Одѕивот на гласањето во четирите општини до 17 часот изнесува 53,73 отсто, односно на гласање излегле 22.921 граѓанин од вкупно 42.663 колку што според избирачкиот список имаат право на глас, соопшти на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија, Билјана Јовановска.

Во Долнени каде што се одржува редовниот втор круг од локалните избори одѕивот на гласачи до 17 часот изнесува 63,50 отсто. На вкупно 39 избирачки места во општината на гласање излегле 6.680 граѓани.

Во Општина Центар каде што се прегласува вториот круг од локалните избори на 29 избирачки места, одѕивот на гласањето до 17 часот изнесува 53,71 отсто, односно на гласање излегле 12.321 избирач од вкупно 22.939 запишани во избирачкиот список.

Во Струга, каде што исто така се прегласува на девет избирачки места излезеноста е 43,40 отсто, односно на гласање излегле 3.422 граѓани. Во Ѓорче Петров се прегласува на едно избирачко место во Волково и таму одѕивот е 37,73 отсто, односно гласале 498 граѓани до 17 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.