Државната изборна комисија денеска ги констатира редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче.
Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.
Прв на ливчето е Стево Пендаровски, а седми Максим Димитриевски, Гордана Силјановска е под реден број два:
- Стево Пендаровски,
- Гордана Силјановска-Давкова,
- Стевчо Јакимовски,
- Бујар Османи,
- Билјана Ванковска-Цветковска,
- Арбен Таравари,
- Максим Димитриевски.
Преседателсските избори се закажани за 24-ти април, а доколку некоју од кандидатрите не биде избран во првиот круг за што се потребни половина плус еден од излезените гласачи чија излезност според избирачкиотр список не ќе е помала од 40%, вториот изборен круг со двајцата пласирани кандидати е закажан за 8-ми заедно со парламентарните избори 2024.