Иако ДИК официјално објави дека Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар, е победник, ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија поднесе над 40 приговори оспорувајќи го мнозинството гласови во оваа општина.
Податоците на ДИК доставени од Општинската изборна комисија се однесуваат за 100 проценти изброени гласачки места од Центар- Жерновски има 14.383 гласови, а неговиот портивкандидат Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ 13.402, што е за 981 глас помалку.
Во вториот круг од изборот за градоначалник, според изборната регулатива не е потребен цензус за победа, туку единствено мнозинство на гласови за еден од кандидатите.