Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дилемата на Ердоган

0
By Нова ТВ on June 6, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Синан Улген,претседавач на бордот на истанбулскиот тинк тенк ЕДАМ

Демонстрациите во Истанбул започнаа пред неколку дена. Првичната цел беше да се заштити парк во Таксим, централниот плоштад во Истанбул, од тоа да биде уништен и заменет со трговски центар. Но полицијата интервенираше со претерана сила врз мирниот собир, користејќи солзавец за да ги растера тие што протестираа. Премиерот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека проектот ќе продолжи без разлика на „неколкумината“ кои се спротиставуваа на идејата. Како резултат на тоа, ова локално несогласување неочекувано прерасна на градско ниво а потоа и на национално ниво, креирајќи демонстрации против неговиот поларизирачки стил.

На масовните протести треба да се гледа како реакција против владејачката партија за Правда и развој и на стилот на Ердоган на мнозинско владеење. Цементирајќи про-владино мнозинство и избегнувајќи консензус за чувствителни прашања, политичката стратегија на Ердоган го поларизираше турското општество. Мнозинскиот пристап на одлучување на Ердоган му одеше во прилог досега. Тој не само што успеа да воспостави агенда за земјата, туку исто така ја зголеми својата популарност во три последователни избори.

Но сега се чини дека неговиот стил ја достигна границата на толеранција на турското општество. Неодамнешната адаптација на законот за алкохол, кој значително го попречува маркетингот, продажбата, и консумирањето на алкохолни пијалоци, веќе поттикна дебата во Турција за небрежноста на владата да ја земе предвид чувствителноста на турските не-конзервативци. Згора на тоа, одбраната на Ердоган на законот преку религиозни принципи само послужи да предизвика секуларни противници на законот. Така одлуката да се трансформира јавен парк во централниот плоштад во Истанбул во еден трговски центар, стана подложна тема за многу Турци да го покажат своето незадоволство на раководството на Ердоган.

Во споредба со минатите собири во демократската историја на Турција, настаните од оваа недела се издвојуваат поради голем број причини. Прво, масовните демонстрации се против не-партиципативниот стил на донесување на одлуки наметнат од страна на владата на Ердоган, и тие не се идеолошки. Тие не се предводени од некоја поединечна политичка партија или идеологија, бидејќи демонстрантите се од различни потекла и ја претставуваат богатата разновидност на турското општество. Составени се од млади, жени, фудбалски навивачки, синдикалци, студенти, невладини активисти, и урбани професионалци.

Второ, за прв пат постои чувство на еманципација против владата која доминира на политичката сцена во изминатата деценија. Ова чувство на популарно зајакнување стои во остар контраст со лошите перформанси на парламентарната опозиција на Турција. Споредбите направени со демонстрациите на Тахрир се неточни. Турција е демократска земја и не постои повик за промена на режимот, како во Египет. Единственото поклопување со Тахрир останува ова огромно чувство на еманципација од страна на обичните граѓани кои го виделе влијанието кое може да го имаат на политичкиот систем, ако дејствуваат во складност.

А тука се и медиумите. Матицата на медиумите во Турција стана симбол за исмејување на земјата. Додека Истанбул гореше со солзавец, турските телевизиски канали беа зафатени со емитување документарни филмови, емисии за готвење, или сапуници. Саботното издание на про-владиниот дневен весник „Сабах“ не ги спомна настаните. Воведувањето затемнување и широка самоцензура додатно ги дискредитира мејнстрим медиумите во очите на турската јавност, кои се свртија кон меѓународните медиуми или социјалните мрежи да ги следат настаните на нивните улици. Всушност, единствен сигурен победник изглегоа социјалните медиуми. Многу Турци се обратија на Твитер да сведочат за реалноста. Според една студија спроведена од страна на лабораторијата на Њујоршкиот универзитет за социјални медиуми и политичко учество, улогата на социјалните медиуми во протестите била феноменална. Во простор од 24 часа, се појавиле речиси најмалку 2 милиони постови поврзани со протестите. Дури и во петок по полноќ се појавиле повеќе од 3 000 твитови во минута.

Патот понатаму, сепак, е непознат. Ердоган им призна мала победа во саботата на демонстрантите, повлекувајќи ги полициските служби од плоштадот Таксим и признавајќи преголема употреба на сила. Но повеќе непокорен, тој ја потврди својата подготвеност да продолжи со спорот на плоштадот Таксим со проектот за реконструкција. Сепак, без оглед на тоа како настаните ќе се одвиваат во наредните денови, постојат два заклучоци кои можат да се извлечат дури и сега од оваа епизода на непланирани, а сепак масовни протестни движења кои го потресоа еден од најголемите градови во Европа: еден е фрапантната потреба фундаментално да се преструктурираат медиумите во Турција; а другата е ургентната промена на однесувањето на Ердогановиот начин на владеење.
Бесрамниот неуспех на турскиот печат да ја исполнат, дури и минимално, нивната улога да ги пренесат настаните, штети на напредокот на демократијата во Турција. Последователно, новите мерки треба да се легализираат, така што би ги принудиле медиумските компании да ги отфрлат своите не-медиумски активности, да се осигура дека независноста на медиумите може повторно да се воспостави и одржи. Другиот сет на правила треба да се фокусира на заштита на медиумскиот плурализам.

Иако тие не претставуваат директна закана за владеењето на Ердоган во Турција, овие масовни протести сепак треба да се сфатат сериозно од страна на турскиот премиер. Многу Турци се повеќе од незадоволни од врвот, од не-инклузивниот стил на донесувањето одлуки, кој го карактеризира стилот на владеење на Ердоган во подоцнежните години. Тие се уморни од поларизацијата и се стремат за повеќе консензуална политика. Ердоган треба да го разбере овој копнеж и да донесе помирувачки модел на владеење во своето лидерство.
Но можеби уште поважно за иднината на политичката стабилност на Турција е зголемениот видлив јаз на прифатливи облици на несогласување меѓу турското раководство и општеството.

Ердоган се чини навистина верува дека масовните протести немаат место во земјата водена од силна, стабилна, и економски успешна влада. Тој ја нагласува гласачката кутија како место за општествените и политичките чинители да го покажат своето незадоволство од власта. „Секои четири години се одржуваат избори и овој народ го носи својот избор“, изјави тој во саботата. “Оние кои имаат проблем со политиките на владата можат да ги искажат своето мислења во рамките на правото и демократијата.” Но со зреењето и зголеменото плуралистичко граѓанско општество, Турција се префрли подалеку од оваа ограничена дефиниција на демократските слободи.

Турското политичко раководство, вклучувајќи ја и парламентарната опозиција, треба да ја прилагодат нивната перспектива. Во спротивно, со новооткриените чувства на еманципација на нивните граѓани, јавни турбуленции во Турција ќе станат се повеќе вообичаени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.