Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, главен двигател капиталните проекти

0
By Zoran Ivanov on October 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог буџетот за 2026 ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација, рече денеска на прес-конференција министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска.

Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП, со Предлог-буџетот за 2026 година, усвоен денеска на седница на Владата.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции  40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

Димитриеска Кочоска рече дека ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства.

Фискалната политика за 2026 година укажа дека ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.

– Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, рече министерката за финансии.

Со проектираните приходи на износ од 374,7 милијарди денари, и на расходите од 413,9 милијарди денари, според министерката за финансии, се продолжува со спроведување на строга фискална дисциплина, при што растот е поизразен на приходната отколку на расходната страна. Во таа насока, дополни, буџетскиот дефицит е проектиран на 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од БДП, што претставува намалување за 0,5 процентни поени во однос на 2025 година, со што остануваме конзистентни на фискалната стратегија.

-Проекцијата на даночните приходи за 2026 година е направена со 6 проценти пораст на даночните приходи во однос на Ребалансот во 2025 година, односно за околу 12 милијарди денари. Исто така земени се предвид и податоците за реализација на даночните приходи во тековната и претходните години. Придонесите се планирани на повисоко ниво од околу 4,7 милијарди денари или за 4 проценти повеќе во однос на Ребалансот за 2025 година, соопшти Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека посебен акцент во Буџетот треба да има развојната компонента, поткрепена со високо ниво на капитални инвестиции во износ од 40,5 милијарди денари.

Посочи дека реализацијата на капиталните проекти финансирани од буџетот кои се во позрела фаза се очекува да забрза, но истовремено се очекува и започнување на реализација на најавените проекти во патната, железничката инфраструктура, но и во здравството и образованието. Позитивен придонес кон инвестициите се очекува и од реализацијата на инфраструктурните проекти во општините во следниот период. -Очекуваме токму овие капитални проекти да бидат главен двигател на економскиот раст во 2026 година којшто е проектиран на 3,8 проценти, рече министерката за финансии истакнувајќи дека позитивен раст се очекува да има растот на приватните инвестиции кој се очекува да има уште позабрзано темпо имајќи го предвид интересот за поволната кредитна линија за компаниите, како и приватната потрошувачка поддржана од растот на платите и пензиите.

Кај капиталните инвестиции најмногу средства се предвидени  во инфаструктурата, за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, што ги гради „Бехтел и Енка“, како и во одбраната согласно обврските во НАТО, 2 проценти од БДП.

Со Буџетот, соопшти таа, се обезбедува редовна исплата на плати и пензии, како и континуирана социјална заштита.

Средствата за социјална заштита се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата.

Транзициските трошоци (уплати во вториот пензиски столб) изнесуваат 19,6 милијарди денари, со раст од 22,5 проценти.

Пензиите се проектирани на 116,8 милијарди денари, што е раст од 9,7 проценти. Во пензискиот систем се вклучени сите зголемувања реализирани во износ од 5.000 денари во септември 2024 и март 2025 година, како и последното зголемување од 1.000 денари.

– Растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, со цел поддршка на стандардот на пензионерите, рече Димитриеска Кочоска.

Најави дека продолжуваат со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг. Тоа, посочи, ќе се реализира преку строга контрола на преземањето на нови обврски и почитување на буџетските лимити, внимателно планирање на нови вработувања во согласност со буџетските можности, подобра наплата на сопствените приходи од страна на јавните институции, намалување на непродуктивните трошоци и рационално користење на јавните средства, реално планирање и навремена реализација на капиталните расходи, редизајнирање на системот на субвенции и социјални трансфери со построги критериуми, засилена фискална дисциплина и транспарентност и дигитализација на процесите за поефикасни и поквалитетни јавни услуги.

Ако минатата година кога го носевме Буџетот за 2025 говоревме за раст на БДП просечно понизок од 2 проценти остварен во изминатите години, сега, вели министерката за финансии, веќе може да говориме за стапки на раст над 3 проценти.

– Во првата половина од оваа година растот е 3,2 проценти, додека во вториот квартал изнесува 3,4 проценти. Бруто-инвестициите растат за 11,7 проценти, приватната потрошувачка за 2,6 проценти, извозот за 5,2 проценти, градежништвото за 7,2 проценти, индустријата за 3 проценти, а земјоделството, иако со поскромен раст од 1,4 проценти  го бележи највисокиот раст во последните две години. Растат и платите,  невработеноста е на историски минимум од 11,5 проценти, a се очекува и стабилизирање на инфлацијата која за 2026 година е проектирана на 2,5 проценти, наведе Димитриеска Кочоска.

Сите овие резултати, потенцираше, се показател дека политиките спроведени преку Буџетот за 2025 година даваат резултати, а со Предлог-буџетот за 2026 се очекува натамошно зајакнување на економските и социјалните перформанси на државата.

Димитриеска Кочоска истакна дека Министерството за финансии проекциите за 2026 година,  ги базирало на предлог буџетските барања од буџетските корисници и раководејќи се од принципите на реалност, економичност и ефективност, во планирањето во предвид ги зема само неопходните расходи со кои се овозможува нормално функционирање на институциите, како и редовно сервисирање и исполнување на обврските по сите основи.

Во буџетот ќе бидат вклучени индикатори за мерење на успешноста на политиките, со што ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи, најави министерката за финансии.

 

2026 буџет Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.