Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Фрапиран сум, во државава треба да се забрани фразата „не сме надлежни“

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни. Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек, јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика. Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија, вели вицепремиерот Никола Димитров испровоциран од како што вели трогателната приказна за која вчера раскажа докторот Павле Зафиров.

Станува збор за несекојдневна случка, во која за жал се огледаат навистина навиките секоја од институциите, поединците поставени да помагаат да креваат раменици во државава.

Димитров вели дека сосем случајно го прочитал тој пост во кој се сведочи за повеќечасовна битка да се спаси човечки живот, да му се помогне на повреден овчар во завеан планински предел крај Кратово, битка во којашто повиканите институции не се одзвале да помогнат.

 

-Според ова сведоштво, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, Противпожарната единица не можела да помогне, Општината не била достапна, оставајќи го овој млад лекар заедно со медицински техничар и шофер и неколку роднини на повредениот (вклучително неговата 90 годишна мајка) 5 часа на раце да го носат овчарот во импровизирано носило низ козји патеки. Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни. Сите директно повикани, но и сите ние како јавни функционери, сме должни да притискаме и да се бориме за како што и самиот Зафиров вели – да се постават правила, принципи и стандарди. Итно е потребна ревизија на процедурите во вакви случаи, строго делегирање на надлежности и се разбира одговорност.

Правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува. Капа долу за пожртвуваноста, професионалноста и неверојатната големина на човечката душа што овие луѓе ја покажале во време кога токму солидарноста и емпатијата се на најсилен тест, напишал Димитров на фесбук.

Сепак во коментарите и под неговиот пост се алудира дека одговорноста е на сите, особено на актуелното државно раководство.

Извор: фокус.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.