Директорот на Бугаскиот музеј за национална историја, контроверзниот Божидар Димитров, во интервју за Бугарската новинска агенција Фокус, го нарече пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој треба да се одигра вечерва „натпревар во домашна лига на бугарската нација“.
Во изјавата за Фокус, Димитров вели дека бугарската нација во моментов е поделено со граница.
Тој и навивачката група – Комити ја опишува како про-српска група која често напаѓа Бугари „кога се собираат да ја одбележат револуционерката Мара Бунева“.
Димитров истакна дека конечниот резултат на натпреварот не е толку важен, бидејќи е пријателски натпревар, но уверен е во победата на Бугарија зашто бугарскиот тим моментално бил далеку посупериорен од македонскииот тим.
„Ќе дојде денот кога македонскиот тим ќе биде подобар од бугарскиот затоа што не е многу тешко да го победиш и нашиот национален тим“, додал Димитров.