Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Македонскиот јазик ќе стане рамноправен член во клубот на мултијазичната ЕУ

0
By Нова ТВ on November 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според политиките на ЕУ за јазична еднаквост и автентичност, и македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на Унијата во моментот кога нашата држава ќе стане полноправна членка, истакна вицепремиерот Димитров на јубилејната он-лајн конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше воведно обраќање на 10–та јубилејна он-лајн конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија на тема: „На прагот на иднината”, на која што учествуваа видни експерти од областа на преводот и толкувањето кај нас, како и претставници од Генералниот директорат за преведување и толкување при Европскта комисија.

„Повеќејазичноста е сржта, срцето на Европската Унија. Денес ЕУ со своите 24 официјални јазици и над 500 можни јазични комбинации, како своевидна „вавилонска кула“ преводот и толкувањето ги поставува и како услов sine qua non за нејзиното непречено функционирање“- истакна Димитров во воведното обраќање.

Осврнувајќи се на централната и координатививна улога на Секретаријатот за европскки прашања во процесот на европска интеграција на нашата земја, Димитров нагласи дека во насока на континуитет и интензивирање на започнатиот процес, СЕП се заложува за стимулирање и уште поефикасно унапредување на подготовката на националната верзија на правото на ЕУ.

„Потврда на заложбата на Секретаријатот за европски прашања за враќање на системот на надворешни преведувачи е неодманешното објавување на јавна набавка за услуги за превод, со што, сакаме да придонесеме и кон засилено раздвижување и регулирање на пазарот за преведувачки услуги. Нашата намера е, според најдобрите домашни и европски практики, да овозможиме отворено поле за фер натпревар помеѓу понудувачите, со крајна цел, избор на најквалитетни понудувачи, кои ќе испорачаат најдобри резултати во поглед на подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија на македонски јазик.“- додаде Димитров.

Имајќи предвид дека процесот на преведување на правото на ЕУ е комплексен и долгорочен, ЗПВ Димитров потенцираше дека сега е моментот да се искористат можностите и да се придонесе за стандардизација на македонскиот јазик во аспекти каде тоа сѐ уште не е сторено. Во оваа смисла, Секретаријатот за европски прашања ќе стане промотор и двигател на истражувачката дејност од областа на „евро-жаргонот“ или правниот јазик на ЕУ, во насока на дополнување на стари и креирање нови поимници и терминолошки бази од специјализирани области.

„Јазиците ги дефинираат личните идентитети, но тие исто така се дел од заедничко наследство. Тие можат да послужат како мост кон другите народи и култури преку промовирање на меѓусебно разбирање и заедничко чувство за европски идентитет, а не како бедем кој разделува и ограничува, затоа што ЕУ одамна „ги има срушено бедемите“ и успеа низ годините да создаде европски дух на заедништво и единство. Тоа е Унијата кон која се стремиме и тоа се вредностите и принципите кои и самите мора да ги практикуваме, живееме и да ги поттикнуваме, за колку што е можно поскоро да станеме и вистински дел од таа заедница.“- заклучи Димитров на денешната онлајн конференција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.