Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Не ми требаат лидери да застанам зад интересите на државата

0
By Соња Петрушевска on October 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 27 години, евдај ги врзавме двете страни и ако сега отвориме нов процес на преговори, ризикот да ја испуштиме оваа шанса ќе биде огромен – одговори министерот за надворешни работи Никола Димитров во реплика на говорот на пратеникот Панчо Минов.

Минов предложи да се интервенира во Договорот во делот за имплементација на новото име Северна Република Македонија за внатрешна употреба.

-Ни лидери ни свети лидери не ми требаат за да застанам зад интересите на својата држава. Географската одредница Северна, од нас нема да направи нови луѓе, кажа Димитров.

Минов предложи нови рокови за имплемантација на новото име.

-Употребата во меѓународни организации на името Северна Република Македонија да се применува по ратификација на спогодбата во Парламентот на Грција и ратификација на пристапните преговори за членство во НАТО во сите земји членки на Алијансата. За внатрешна употреба, прифаќањето на новото име да важи по финализирање на сите поглавја со ЕУ во рок од 5 години, предложи пратеникот Минов.

Во Договорот со Грција, сега се предвидува имплментацијата на новото име за внатрешна употреба да се примени 5 години по почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Минов кажа дека ова е услов за тој да гласа за уставните измени – во спротивно рече дека ќе гласа „против“.

Артан Груби од ДУИ им порача на пратениците од ВМРО ДПМНЕ „да се надминат себеси и да гласаат „За“.  Тој се дистанцираше од говорот на Бранко Манојловски и кажа дека за „ДУИ, помирување е можно само во Брисел – да се помириме дека нема друг пат освен ЕУ и НАТО“ кажа Груби.

Претходно, неговиот сопартиец Бранко Манојловски кажа дека „вмровците се прекрасни луѓе кои зависат од партијата и државата на секоја вмровец кој ќе гласа „за“ да ја гарантира нивната безбедност“.

Манојловски уште додаде дека треба да им се даде и амнестија на оние кои сториле кривично дело, затоа што ќе биде поевтино отколку да се затворат.

Претпладнево од дискусија се откажаа и останатите пратеници од ВМРО ДПМНЕ –  на листингот за дискуија е само Нола Исмаиловска Старова од ВМРО ДПМНЕ која не е во Собранието.

Се очекува расправата за владиниот предлог за уставни измени да трае до петок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.