„Им честитаме на граѓаните за високата демократска свест што ја презентираа на денешното гласање. Ова се едни од најфер, најслободните и најдемократските избори досега“ изјави директорот на Центарот за комуникации на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Според него забележани се сосема мали неправилности, со доставување на потребна документација, но дека тоа било сосема минорно.
Димовски на новинарско прашање за инцидентот во Шуто Оризари, каде што потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска тврди дека била физички нападната од коалицискиот партнер во Владата, Амди Бајрам, одговори дека нема не знае што е вистина и дека ВМРО – ДПМНЕ ќе почека случајот да биде испитан.