Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Очекуваме СДСМ во кампањата да ги искористи Мадам Пепи и Бајруш Сејдиу

0
By Нова ТВ on April 24, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Очекуваме дека СДСМ во кампањата може ќе ги искорсти и Мадам Пепи и Бајруш Сејдиу за да го оцрни ВМРО ДПМНЕ, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ отфрлајќи ги како нерелевенти обвинувањата кои на сметка на оваа политичка партија ги изнесе Загорец Тумбовски во интервју за Телма.

Според Димовски, Загорец е лице осудено на затворска казна за криминал и како таков за нив тој е нерелевентен и искористен во кампањата на СДСМ за дискредитирање на ВМРО ДПМНЕ.

Димовски на прес коферецијата го обивни Зоран Заев дека соработува со како што рече тој криминалци во функција на изборната кампања на СДСМ.

Еве го интегралниот текст од прес-конференцијата на Димовски:

– Како привршува кампањата така СДСМ е се понервозна и се служи со се пониски и подрски монтажи, фалсификати и манипулации.Знаат дека ќе ги загубат изборите. Во очај и паника се.

Во минатите денови со документи и докази го потврдивме фалсификатот кој Заев го презентираше на јавноста од извесен Загорец Тумбовски. Но СДСМ не застана таму и не се извини, туку продолжи.

Замислете, аболицираниот за криминал од на 8 милиони евра Зоран Заев на помош во кампања го повикал осудениот за криминал од Врховен суд Загорец Тумбовски. Ништо друго од СДСМ и не може да се очекува. Нека продолжат така. Граѓаните ќе видат каква партија е СДСМ.

Загорец Тумбовски е осуден за фалсификување документи, за перење пари и за даночно затајување од страна на Врховниот суд во време на ВМРО-ДПМНЕ. Нормално е дека ниту тој ја сака ВМРО-ДПМНЕ, ниту Зоран Заев. Овие двајца би биле најсреќни да не се спроведува законот, да не се бркаат криминалци, за да може и тие двајца да работат како што работеле претходно, а да не одговараат за тоа. Овие луѓе би биле најсреќни ВМРО-ДПМНЕ да не е на власт за тие да си ги продолжат криминогените шеми од минатото.

До каде дојде СДСМ, подолу од дното. Користат изјави на лица во бегство, осудени за криминал. Тоа зборува за очајот и незнаењето. Нема воопшто да се изненадиме ако побараат помош со изјави и од Бајруш, Мадам Пепи, газдарицата на Фиком и слични осудени. Сите тие имаат причина да бидат против ВМРО-ДПМНЕ. Сите тие заедно со Заев би биле среќни да не се спроведуваат законите во Република Македонија.

Се здружиле една дузина осудени, гонети и аболицирани за тешки криминали од повеќе милиони евра и монтираат, фалсификуваат, лажат и бегаат. Тоа нема да помине кај граѓаните. Граѓаните на Македонија знаат кој е чесен, кој работи макотрпно, а кој со лаги и фалсификати се обидува да се приграби до власта.

Заев избега да даде одговор на многу значајни прашања, но ние повторно го прашуваме:
Кој го фалсификувал докуметот, тој лично или заедно со осудениот Загорец Тумбовски?
Каква соработка имале во минатото Зоран Заев и осудениот Загорец Тумбовски?
Дали СДСМ му ветила помилување на Загорец Тумбовски кој е осуден од страна на Врховниот суд на казна затвор од 6 години за фалсификување документи, перење пари и даночно затајување за да ја лаже македонската јавност?
Како е возможно човек што претендира да биде премиер да се здружува и да одработува заедно со лица осудени од највиоската судска инстанца, од Врховниот суд?

Има многу прашања на кој Зоран Заев ќе мора да даде одговор. Фрлајќи со кал по другите, не гледа дека сам се попрскува со истат кал. На граѓаните им е доста од монтирани и фалсификувани случаи. Тоа го гледаа додека беше СДСМ на власт, заедно со грабежите низ Македонија. И овој пат граѓаните ќе застанат зад својата држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.