Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Од Владата не ни понудија ништо освен комисии, а требаат само 30 милиони евра за зголемување на платите

0
By НОВА ТВ Balaban on June 21, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметаме дека додека трае фазата на помирување, штрајкот не би требало да се одржи, но тоа е демократско право на секоја страна да одлучи дали ќе прифати да има помирување и дали би требало да се одложи штрајкот, рече Битиќи.

Преговорите со владините претставници не вродија со плод. Сојузот на синдикати на Македонија утре дефинитивно излегува на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството по однос на недоговореното денеска, а тоа е линеарно покачување за сите по 2.806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата, најави денеска по средбата со владините претставници претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Тој додава дека е разочаран од преговорите кои денеска се воделе во последен момент, пред најавениот штрајк за утре, при што ги оцени како обид за купување на време.

– Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи нѐ дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така. Тие се сервис на граѓаните, ние од нив користиме услуги. Тие достоинствено си ја работат работата и сметаме дека дојде времето нашето незадоволство да го искажеме на улица, рече Димовски.

Тој додаде дека утре како ССМ ќе излезат на улица, ќе наредат 120 столчиња пред Собранието, каде од пратениците ќе бараат да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2. 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

– На тој начин ќе упатиме апел доколку тоа не се случи, дека и тие утре  можат да бидат дел од нас работниците, кои ќе стојат надвор пред Собранието бидејќи работникот е оној што гласа и во наредните избори ќе биде клучната алка за која партија ќе биде на власт, рече претседателот на ССМ.

Тој јавно побара помирувачот, којшто е дел од Министерството за труд и социјална политика, да го прочита Законот за мирно решавање на спорови и членовите во тој закон, и да не ги убедува дека помирувањето може да трае 20 дена и оти за тој период ССМ не треба да штрајкува.

– Не, во членот 18 од Законот за мирно решавање на спорови, штрајкот  се спречува само 10 дена, а преговорите траат 20 дена, што значи дека треба да имаме подготвен преговарач кој ќе ги брани реално страната која во процесот е оштетена, а тоа сме ние, нагласи Димовски.

Тој соопшти дека ССМ понудил да има уште една средба денеска во текот на денот, за, како што нагласи, да се консолидираат, и да  пресметаат колку средства се потребни за линеарното покачување на платите, бидејќи пресметките на синдикатот од барањето преточено во амандман покажуваат дека во бруто износ се потребни само 30 милиони евра за да бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор со линеарното зголемување.

Според Димовски, штрајкот значи прекин на работниот процес за време на работното време на  работното место.

-Ние како ССМ не можеме да штрајкуваме во тие одделни институции, ние нашето незадоволство како предводници на овој штрајк ќе го изразиме пред Собранието на РСМ во среда, во четврток тоа ќе го пренасочиме кон Владата, а доколку ниту тогаш не се реши проблемот, тогаш ќе одиме пред Министерството за финансии каде што ќе побараме уште еднаш од министерот Бесими да се преиспита во ребалансот на Буџетот и да не стави како ставка за покачување на плати. Доколку и тоа не се случи, знаете што значи штрајк и кои се последиците, очигледо ќе бараме оставка од некои министри. Тоа е наше легитимно право, рече Димовски.

По средбата што ја имаше со ССМ, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, истакна дека тие се согласни дека треба да има линеарно покажување на платите во јавниот сектор, но оти остануваат на ставот дека тоа треба да се направи со усвојување на методологија, а не со едностран акт.

-Ние остануваме со волјата да се најде решение, но тоа да биде системско решение кое е  одржливо за сите страни, а не наоѓање ад хок решение кое можеби само навидум може да го реши проблемот, но, тој веројато ќе се повтори веќе наредната година, рече Битиќи, додавајќи дека усогласувањето на платите треба да биде следено со методологија на раст на плати за, како што нагласи, да не се враќаме со дискусија како сега на секое движење на минимална плата дали имало или немало усогласување на платите во јавниот сектор.

На прашањето зошто се одржува оваа средба непосредно пред одржувањето на штрајкот, а не порано, вицепремиерот истакна дека тие ја побарале средбата пред десет денa, а оти одлуката за одбор на помирувачи од страната на Владата била донесена пред седум дена.

-За ова беше информиран помирувачот, а негова одлука е кога двете страни ќе ги седне на преговори. Едноставно се утврди овој термин како прифатлив за сите страни, истакна вицепремиерот.

Тој информира дека според законот помирувањето е законска одредба поради која побарале временски период за да продолжат започнатите преговори.

– Сметаме дека додека трае фазата на помирување штрајкот не би требало да се одржи, но тоа е демократско право на секоја страна да одлучи дали ќе прифати да има помирување и дали би требало да се одложи штрајкот. Ние ќе го испочитуваме демократското право и демократската одлука на ССМ ако тие продолжат со нивната намера за организирање генерален штрајк, рече Битиќи.

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија на 3 јуни донесоа Одлука за генерален штрајк за 22 јуни, ако дотогаш не бидат исполнети нивните барања.

Откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за нивното барање за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор како што им било ветено за време на преговорите, ССМ бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика, но ни на таа средба не беше постигнат договор.

Дарко Димовски ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.