„Би сакал да поотенцирам дека не сите, кои што денес или во минатите денови, облекоа маици “Слобода за Кежо“ имаат иста агенда“, изјави на денешната прес конференција Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него одредени политикчи партии го злоупотребуваат овој случај на крајно неприфатлив и некоректен начин, не со цел да помогнат на некого, туку со цел да наштетат на дугите политички партии.
„Затоа апелираме, рече Димовски, овој случај да не биде ставен во рангот на дневнополитичките пресметки помеѓу политичките партии. На тој начин, очигледно и се искривува и се злоупотребува оној аспект кој што новинарите и сите новинарски здруженија сакаат да го наметнат во општетството“.