Досегашниот лидер на Сојузот на синдикатите, Живко Митревски, иако утрово му вети на новиот синдикален лидер Дарко Димовски дека во 15 часот ќе ја предаде функцијата, тој не се појави во просториите на ССМ.
Митревски преку луѓе од ССМ ги испрати печатите и клучевите до Димовски, но преку СМС порака го известил дека нема дојде.
Она што го спречува Димовски да ја преземе функцијата е што Комисијата во ССМ треба да констатира дали сите документи од записникот на ССМ се наоѓаат во канцеларијата во која треба да седне Димовски и бидејќи Живко Митревски не дојде лично, постапката за влез во неговата досегашна канцеларија ќе ја заврши службата задолжена за тоа.
На сето ова му претходеа случувањата утрово, кога полицијата мораше да интервенира, бидејќи Димовски беше спречен да стапи на својата нова функција за која беше избран уште минатата година.
И Централниот регистар го заведе Дарко Димовски како нов синдикален лидер.