Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дино Мустафиќ, Сараево: Во добро и зло, во живот и смрт

0
By Нова ТВ on March 11, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Дино Мустафиќ

Штотуку ја завршив претставата според романот „Историја на болеста“ на Твртко Куленовиќ, која ја започнуваме со една убава и тажна реченица: „Кога ќе заспиеме, влегуваме во сон од кој се будиме. Кога ќе умреме, ќе влеземе во сон од кој нема да се разбудиме. Но, дури и кога се родивме, влеговме во сон од кој не се разбудивме “.

Неодамна го испративме можеби и последниот кој беше наш во Белград како и во Загреб, Сараево или Сплит, во Мостар како и во Ријека, секаде беше наш затоа што беше свој и на свое, на теренот на музиката и на уметноста. Заминувањето на еден од најголемите и најдобрите, каков што беше Ѓорѓе Балашевиќ, ги обедини сите поголеми градови од некогашната земја која пееше негови стихови како заклетва и идентитетски генерациски факт. Така беше и со заминувањето на Мира Фурлан, која беше екс-југословенска дива на филмот и на театарот, кога се потсетивме на нејзините улоги и на возвишените граѓански гестови на противење на национализмот кој ги разори сите општествени вредности.

Така тоа обично бива кога си одат оние големите и најдобрите за кои се врзуваат колективните емоции на тага кон исчезнатите вредности на единството и вербата дека можевме повеќе заедно, и во добро и во зло, во животот и во смртта. Оттогаш минаа 30 години и остана само фактот на смртта како простор за сеќавање на некогашната заедничка татковина. Уметниците, писателите и членовите на различни академски заедници можат да играат клучна улога по војните во процесот на помирување. Јасно е дека уметничкиот јазик на емоциите води кон приближување на нашите гледишта за она што се случило во минатото. За жал, историјата како наука на просторот на поранешна Југославија сè уште се користи за зајакнување на националното. Пишувањето историја на овие простори се карактеризира со организирана невиност на „своите“ и оркестрирана вина на „нивните“. Никој не бил сторител и секој е жртва на другите.

Историјата и понатаму се користи за пропагирање и за зајакнување на националниот идентитет. Културата на сеќавање е исклучително важна за димензијата на иднината на овој простор, бидејќи отвора можност да се соочиме со минатото преку морално преиспитување на улогата на институциите и индивидуите во насилството и теророт во 90-тите години на минатиот век. Институционализираното негирање и лагите како политичка агенда ја зајакнуваат моќта и улогата на оние поединци и групи кои не сакаат процес на помирување и доверба. Значи, чекаме и имаме „некои нови клинци“ кои со години ја водат идејата за борба против рамнодушноста. Меѓу нив има и голем број уметници кои имаат водечка, главна улога во враќањето на довербата, а со тоа и помирувањето. Јасно е дека не можеме да заборавиме што се случи, но исто така е јасно дека мора да простиме. За да се случи ова, мора да се напише секој збор, да се измери секоја солза и да се запише секоја жртва. Единствениот начин да го направиме ова е да негуваме култура на сочувство и емпатија, за идните генерации никогаш да не ја повторат суровоста кон оние од различна националност или верска припадност.

Ако „јазот“ меѓу судските пресуди од една страна и очекувањата на жртвите од друга и натаму се проширува, никогаш нема да имаме катарзични години кога правдата и сатисфакцијата ќе можат да го отворат патот кон помирување.

Големите во животот и во смртта нѐ задолжуваат со своите духовни дарови, дела и со убавина што го крши ланецот на меѓугенерациско пренесување на насилство и омраза.

 

Дино Мустафиќ, познат босанскохерцеговски режисер зад кого се бројни театарски претстави и филмови; соработувал со најголемите театри во регионот, а неговото режисерско остварување „Хелверова ноќ“ влезе во историјата на босанскохерцеговскиот театар како меѓународно најнаградувана претстава.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.