Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Диносауруси какви што не сте виделе досега

0
By Нова ТВ on November 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Најголемиот светски продуцент на документарни филмови за природата, британскиот BBC, ја претставува досега најреалната филмска приказна за праисториските џинови „Прошетка со Диносаурусите 3D“.

Прв пат во филмската историја кино-публиката ќе има можност да види како навистина изгледало кога диносаурусите владееле со земјата, благодарение на филмот „Прошетка со диносаурусите 3D“ кој во кината пристигнува на 19 декември.

„Прошетка со диносаурусите 3D“ е досега најамбициозниот филм за диносауруси, кој вистински ја прикажува одамна изумрената раса, праисториската ера во која живееле и нивното природно опкружување. Ова остварување од друга страна се базира на интересна приказна која публиката може лесно да ја разбере – приказна за настанувањето на семејството, семејства кои се распаѓаат, ривалство, натпреварување и неуморна борба за опстанок.

Дејството на филмот „Прошетка со диносаурусите 3D“ е сместено во периодот пред 70 милиони години на далечниот север на Алјаска. Секоја година долгите темни зими, тримесечните периоди со постојана темнина и безмилосните снежни бури протеруваат илјадници диносауруси на далечна миграција – на патот кон југот. На овој пат публиката тргнува со чудниот, но симпатичен диносаурус Пачи.

Од моментот на раѓањето Пачи морал да се бори против ривалски настроените браќа и сестри, дивиот и непредвидлив свет, како и застрашувачките грабливци. Откако еден од неговите браќа настрадува, Пачи со пријателите тргнува на патување на југ за да го пронајде своето семејство. Оваа мала екипа проаѓа низ многубројни авантури. Некои се забавни, а од некои се крева и косата на главата.

Пачи ќе го пронајде своето семејство, но тоа не е крај на неговите авантури. Созревајќи во зрел мажјак, тој ќе мора да се бори за своето место во заедницата додека не стане водач на крдото. Патот кој го оди Пачи покажува дека некогаш е поважно да бидеш прилагодлив и снаодлив отколку да бидеш најголем и најјак.

„Прошетка со диносаурусите 3D“ се базира на истоимената популарна ТВ серија која во 1999 година се прикажуваше на британската телевизија BBC. Продуцент е куќата BBC Earth, застапник на компанијата BBC Natural History Unit, најголемата светска продуцентска куќа кога станува збор за документарци за природата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.