Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатскиот кор го осуди насилството врз ЛГБТ центарот

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Дипломатскиот кор го осуди насилството врз ЛГБТ центарот

Амбасадорите во земјава со поддршка на ЛГБТ заедницата- а преку посетата на Центарот во скопската чаршија и јавно го осудија насилството врз нив и ги повикаа институциите да го расветлат инцидентот во кој група маскирани лица го нападнаа Центарот и повредија полицаец.

Евроамабасадорот Аиво Орав вели дека политиката на ЕУ е многу јасна во однос на дискриминацијата и порача Владата да обезбеди еднаков третман против сите видови дискриминација.

„Ние многу жалиме за тоа што се случи во минатата недела. Нападот беше многу сериозен и убеден сум дека во истрагата која е во тек ќе бидат најдени сторителите и со нив ќе се постапува согласно законот“, вели Орав.

На повиците на Орав им се придружи и холандската амбасадорка Мариет Схурман. Таа вели дека насилството против мировните организации не смее да помине неказнето.

„Многу е важно често да се потенцира проблемот. Знаеме дека истрагата е во тек и ги видовме снимките од камерите и искрено се надеваме дека сторителите ќе бидат казнети за делото. Да се зголеми толеранцијата меѓу луѓето кои се различни е само збогатување на општеството и затоа многу го поддржуваме центарот и затоа е важно тој да остане тука“, вели Схурман.

Претседателката на Хелсиншкиот Комитет Уранија Пировска се пожали дека досега насилството ниту било осудено од инстиуциите, ниту биле преземени мерки за пронаоѓање на сторителите. Тие веќе доставиле преставка во Секторот за внатрешна контрола во врска со постапувањето на полицијата за време на нападот, а велат дека доколку МВР не постапи по законите тие ќе ги објават снимките од нападот на кои јасно се гледало како полицијата постапувала при нападот на ЛГБТ центарот.

Покрај Орав и Схурман, на средбата во ЛГБТ центарот присуствуваа и Заменик амбасадорот на Соединетите Американски Држави, претставници од Германската и Шведската амбасада, како и претставник од ОБСЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.