Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на ЈП -Водовод и Канализација Весковски го демантира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Арсовски

0
By Mirjana on September 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Смешни и трагикомични се денешните клевети изнесени од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Арсовски, дадени пред почеток на престојната изборна кампања за локалните избори. Јас, како генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, категорично тврдам дека целата постапка за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улица Варшавска е спроведена согласно законските прописи, градежните стандарди и нормативи наведува во демантот Весковски.

-По добиеното одобрение за реконструкција во месец јули 2020 година од Општина Карпош, е спроведена постапка за јавна набавка за склучување на посебен договор преку јавно негативно аукциско наддавање, при што наведената фирма е избрана за најповолен понудувач. Во спроведенета постапка останатите четири учесници немаат вложено жалба за изборот на најповолниот понудувач. По склучениот посебен договор, фирмата е воведена во работа и започнала со извршување на градежните активности, што може да се утврди од градежните дневници и книги, кои се потврдени и одобрени од страна на овластен градежен надзорен орган. Градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно слкучен посебен договор, се наведува во демантот со кој се бара и јавно извинување од Арсовски а во спротивно ќе поведеме соодветна судска постапка за утврдување на граѓанска одговорност за изречените лаги и клевети, се наведува во демантот.

Претходно во текот на денот, партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција истакна дека партијата открила, како што наведе огромен скандал за ЈП Водовод и Канализација.

„ Минатата година, ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски потпишале рамковна спогодба врз основ на тендер со пет фирми, уште во април 2020-тата година. Вредноста на тендерот за реконструкција на водоводна мрежа е околу 2 милиони евра без ДДВ секоја година. Е сега, по потпишување на оваа рамковна спогодба, за секоја реконструкција на било која мрежа која што сака да ја прави ЈП Водовод и канализација, мора да има тендер помеѓу овие 5 фирми, односно бирање на најповолен понудувач и се прави негативно наддавање, односно единствен услов е да има најниска цена и најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми за реконструкција на одредена мрежа. КБК Инженеринг почнува со работа на 14-ти јули, но почнува без да има одбирање на најповолен понудувач за која од овие 5 фирми да ја добие работата. Фирмата ја завршува работата во втората половина на август, одлука за најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми се уште нема. Значи да резимираме уште еднаш, фирмата КБК Инженеринг оди на улица „Варшавска“ во јули, реконструира водоводна мрежа, надвор од закон, надвор од процедури, надвор од се останато што пропишуваат законите, ја завршува работата и дури после месец и пол се носи избор за најповолен понудувач токму фирмата КБК Инженеринг, и се потпишува договор за работа, дури откако целата реконструкција е завршена. Согласно договорот вредноста на реконструкцијата според е 18.041.646 денари или приближно 300.000 евра со ДДВ, наведоа од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата.

 

 

 

 

 

демантира портпарол на ВМРО -ДПМНЕ Директор на водовод
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.