Директорот на струшката болница, Мухамед Асани нема веќе да ја извршува функцијата која досега ја извршуваше и ќе биде назначен нов директор, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата.
„Вчера донесов одлука за формирање на нова комисија, тоа е законска можност која ја има министерството за здравство. Со оглед на барањата од семејствата, институциите како Хелсиншки комитет , одлучив да се формира нова комисија која ќе направи анализа на случувањата. Исто така, одлучив да се разреши директорот на струшката болница, а нов ќе биде назначен во текот на денешниот или утрешниот ден, додека во тек се сите останати активности“, истакна Филипче.