Во знак на препукување помина пресот на Mакедонски железници, помеѓу директорот на Железници- Инфраструктура Ирфан Асани и новинарите. Поводот беше 140. годишниот јубилеј на Железници, на кој беше поканет и директорот на косовски железници Aгрон Tачи, но за кого домаќините не обезбедиле превод, јавува 24 вести.
Оттука, директорот Ирфан Асани од новинарите побара сами да се снајдат околу преводот на неговиот гостин бидејќи тоа не било во негова надлежност: ” Јас не можам да обезбедам превод, или вие како редакции обезбедете си преведувач, јас законски си зборев на македонски, ако сакате подоцна ќе би прераскажам за изјавата на косовскиот директор”, изјави Асани.