Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дискусија: Како земјите од Западен Балкан да го искористат планот за раст на Европската комисија

0
By Marija Todorovska on December 21, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како државните од Западен Балкан најдобро да го искористат Планот за раст на Европската комисија е целта на дискусијата „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ што денеска во Скопје ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, на која има претставници на креаторите на политиките, на граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот.

Симонида Кацарска од ЕПИ посочи дека Европската комисија (ЕК) во октомври го предложи Планот за раст како дел од својот пакет за проширување преку кој, како што кажа, очекуваат дека ќе може да се испорачаат одредени реформи и поголема поддршка од Европската унија во таа насока.

-Ова несомнено е голема можност за државите од регионот, но доста е оставено на нас, да предложиме здрави проекти и да направиме реформска агенда која ќе биде комплементарна со пристапувањето, но истовремено ќе овозможи поддршка и ќе даде опипливи резултати надвор од пристапниот процес, изјави Кацарска пред почетокот на настанот.

Самиот план, додаде, ќе има високо ниво на условеност со реформите и со владеењето на правото.

-Тоа е исклучително значајно за нас како граѓански сектор, бидејќи се надеваме дека можеме да го користиме како алатка за притисок за реформи и за внатрешно градење на консензус. Очекуваме дека овој план, во оваа фаза во која се наоѓаме како исчекор во другата фаза од преговорите, ќе ни даде уште мал импулс за да може да се спроведат реформски зафати без кои не би можеле да ги искористиме средствата понатаму, посочи Кацарска.

Нагласи дека планот е условен со реформи и затоа не може да очекуваме премногу дека само ЕУ ќе направи нешто. -На нас останува она што ќе можеме да го испорачаме, рече Кацарска.

Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач, како и координатор на Планот за раст, Дрита Абдиу – Халили оцени дека планот е одлична можност за државата и за регионот и порача дека освен можност е и обврска.

-Реформскиот план се поддржува од сите чинители во нашето општество. Тој е многу динамичен и допрва ќе има работа зашто станува збор за предлог на ЕК кој допрва треба да се усвои. Предвидено е од јануари до март подетално да се разработи во делот на реформите, роковите и проектите. Тоа е една реформска агенда и за да се имплементираат реформите ќе предложиме конкретни проекти кои потоа ќе може да ги финансираме од овој нов механизам што е надвор од постојните механизми. За тоа ќе бара многу работа и импут од сите нас како држави и како влади за да можеме од тоа да имаме придобивки, изјави Абдиу – Халили.

Допрва, како што кажа, ќе се идентификуваат проектите кои не само што треба да бидат соодветни, туку и зрели и определени во поширока дебата со сите чинители во општеството. Ќе бидат проекти во делот на дигитализација, инфраструктура, зелена агенда. Во моментов, како што кажа, имаме само нацрт на приоритети кои треба да се до дефинираат.

Порача дека не постои можност неформално да се постават политички услови за Планот за раст и оти уставните измени не се услов за негово спроведување. Првиот нацрт документ за Планот за раст што е работен во консултации со ЕК, додаде, уште на 6 декември е доставен до Брисел, заедно со сите држави од регионот.

-Не постојат ни формални ни неформални политички услови зашто ние ја доставивме нашата реформска агенда. Освен овие области имаме дел за владеењето на правото каде што имаме чекори кои треба да ги исполниме, а тие нас веќе ни се предвидени во реформската агенда и немаме услов уставни измени, појасни Абдиу – Халили

дискусија Европска комисија ЕУ и Западен Балкан Институт за европска политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.