Државниот инспекторат за животна средина: Челичаната Макстил која загадува исто како и Фени мора да се прилагоди на Оперативниот план до 2014 година. Дотогаш треба да набави хауба која чини 10 милиони евра, за да ги акумиулира и правилно насочи честичките од прашината кои го загадуваат амбиенталниот воздух. Граѓаните на населбата Железара и пошироко постојано се жалат на прашината која е со различна боја, но најчесто бела дека го загадува воздухот и им штети на здравјето на луѓето.