Познатиот оскаровец Џек Николсон оди во пензија и не планира повеќе да се појавува на филмското платно.
Крајоит на кариерата на холивудската икона ја порталот Radar Online ја потврдил добро информиран извор.
„Во позадината на оваа одлука е едноставна причина – тешкотии со памтењето. Доста често, во својата 76. година, Џек има проблеми со запамтувањето на текстот кој се бара од него“, објаснува холивудскиот извор.
Николсон кариерата ја започна како глумец, сценарист и продуцент, а филмското деби во 1958 година го имаше со филмот ‘The Cry Baby Killer’.
Легендарниот оскаровец оди во пензија после 50 години плодна филмска кариера – 12 пати беше номиниран за Оскар, а го доби три пати, а во 2001 ја доби почесната награда на Кенеди Центарот. Во 2010 го сними последниот негов фил ‘How Do You Know’.