Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џо Бајден: Македонија мора да остане на курсот на реформи

0
By Нова ТВ on July 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту една земја не може целосно да ја остави зад себе историјата или да ги заборави своите трагедии. Но, земјите може да изберат во прв план да ги стават нивните иднини. Токму тоа го направи Хрватска.

Џејмс Џојс има напишано „историјата е ноќна мора од која се обидувам да се разбудам“.

Пред 20 години Хрватите го живееја тој кошмар, затворени од регионални омрази и опустошени од војна. Од понеделникот нивната земја стана 28. членка на ЕУ. Хрватска не само што се разбуди од својата мачна историја – го оствари сонот за евроатлантска иднина.

Успехот на Хрватска беше далеку од неизбежен. Всушност, тој е сведоштво за храброста на нејзините граѓани и лидери кои им одолеаја на искушенијата на ултранационализмот и огорченоста. Секојдневна борба е да му се дозволи на минатото да помине. И од ден на ден Хрватите ја чуваа верата со амбициозна визија и градеа демократски институции што ги отворија вратите во НАТО и сега ЕУ.

Ова достигнување му припаѓа на хрватскиот народ. Но, тоа, исто така, зборува за трансформативните моќи на европскиот проект кој ги преводи земјите кон владеење на правото, отворени пазари и просперитет и мир.

Хрватска е најдалеку на тој пат отколку што некои може да мислат. Таа е членка на НАТО од 2009 година и учесник во безбедноста низ светот, вклучувајќи го и Авганистан. Откако други испратија мировници во Хрватска; сега Хрватска придонесува во мировните мисии во Косово, Хаити и Западна Сахара.

Приемот на Хрватска во ЕУ, исто така, ги зголемува влоговите за соседите кои се соочуваат со ризик да бидат оставени назад. Со тек на времето, границите на ЕУ треба да ги обединат земјите од југозападна Европа наместо да ги делат. Ние се надеваме дека еден ден нејзините граѓани ќе имаат корист од Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство што го преговараме со ЕУ.

Но, најпрво, соседите на Хрватска мора да направат тешки избори што ќе ги трасираат нивните патишта кон Европа.

Во интерес на САД е Хрватска и остатокот од Европа да успеат. Историјата нема поголем споменик од идејата дека земјите не треба да ги повторуваат конфликтите од минатото – и нема поголем механизам од интеграцијата за да осигура дека тие нема да го направат тоа од ЕУ. Секоја земја која се врзува за правилата и институциите на ЕУ не’ донесува поблиску до целта за Европа цела, слободна и во мир. Дури и во тешки економски времиња, обединета Европа е претпочитана од заканите за поделба и нестабилност. Тоа е и причината зошто Хрватска работи на тоа да го донесе народот против кој се бореше пред помалку од една генерација во европската заедница.

Во последниве неколку месеци се сретнав со неколку лидери од Западен Балкан. Убеден сум дека ако ги направат вистинските избори, секој од соседите на Хрватска може да го постигне истото.

Србија и Косово се заглавени во длабока и жестока пресметка – се’ досега. Преку дијалог, соработка и болни компромиси, премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи постигнаа историски договор за нормализирање на односите.

Следните чекори нема да бидат лесни, но овие лидери им дадоа на своите граѓани нова можност за изградба на иднина дефинирана со почит кон правата, заеднички просперитет и мирна коегзистенција.

И Црна Гора и Албанија имаат уште многу работа, но напредуваат кон европската интеграција, справувајќи се економските и политички реформи, борејќи се против корупцијата и зајакнувајќи го владеењето на правото. Црна Гора, исто така, е на пат да и’ се придружи на Албанија во НАТО. Македонија мора да остане на курсот на реформи, да ги решава меѓуетничките тензии и со Грција да собере храброст да најдат меѓусебно прифатливо решение за проблемот со името.

За жал, се’ уште има такви кои цврсто се држат за етничките негодувања, лични ривалства и нулта еднаков пристап до политика која го сопира напредокот. Пред четири години во Сараево бев во парламентот и им кажував на парламентарците и официјалните лица дека вратата е отворена за Босна и Херцеговина да стане интегрален дел од Европа и САД сакаат да и’ помогнат да стигнат дотаму. Тоа бара постигнување договор за елиминирање на уставните одредби кои се дискриминирачки во однос на малцинствата и одлука да се регистрира одбранбениот имот како државна сопственост. Ништо од тоа не се случи и луѓето од Босна заслужуваат подобро.

Ниту една земја не може целосно да ја остави зад себе историјата или да ги заборави своите трагедии. И ниту треба да го направи тоа. Но, земјите може да изберат во прв план да ги стават нивните иднини и да дејствуваат за благосостојба на следните генерации. Тоа е токму она што Хрватска го направи. И резултатот е соништата кои пред 20 години изгледаа неостварливи денес се прекрасно, неповратно реални.

Тоа е и причина за прослава и потсетник за тоа што е возможно. И честитаме на Хрватска и повторно се ангажираме за поголема цел, срдечно пречекување на целиот Балкан во Европа која е цела, слободна и во мир.

(Авторот е потпретседател на САД. Оваа негова колумна беше отпечатена во лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.