Актуелнииот број 1 во светот, Новак Џоковиќ, е победник на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Монте Карло.
За нешто помалку од два часа игра, Џоковиќ ја прекина доминацијата на Шпанецот Рафаел Надал со 6:2 и 7:6.
Во вториот сет, двајцата тенисери одиграа многу поизедначен меч, Надал во шестиот гем направи брејк за 2-4, но Србинот се врати набрзина и по тај-брејкот стигна до својот прв трофеј на овој Мастерс.
Пред овој турнир популарниот Ноле се жалеше на повреда, но успеа да се рехабилитира и на крај да го освои турнирот во Монте Карло.
Денешното финале беше деветто последователно за Надал во Монте Карло со биланс од 46 победи во низа, но таа серија, како и осумгодишната доминација во Монако ја прекина токму светскиот рекет број 1.
Џоковиќ за победата на турнирот освои околу половина милион евра, а Надал како учесник во финалето заработи 246 илјади евра.