Американскиот Сенат го изгласа Џон Бренан за нов директор на ЦИА, со 63 гласа за и 34 против. Бренан е наследник на Дејвид Петреус, кој даде оставка во ноември, минатата година.
Именувањето беше претходно испроблематизирано, откако Републиканецот Ренд Пол одржа 12-часовен говор, протестирајќи поради програмата на администрацијата на Барак Обама која се однесува на напади со беспилотни летала врз американски граѓани.
Како одговор на овие стравувања, јавниот правобранител Ерик Холдер изјави дека американскиот претседател нема да нареди напад со беспилотно летало врз Американец кој не бил ангажиран во борба на американско тло.