Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК го затвори предметот, министерката Стефоска платила глоба

0
By Нова ТВ on February 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалниците имаат законска обврска по службена должност да контролираат што се гради и навреме да се спречи, потенцира на денешната седница Нури Бајрами, член на ДКСК, по повод предмет за бесправна градба, кој требало да се урне.

– Нема логика да се гради зграда на диво и градоначалникот тоа да не може да го спречи. Тоа е директно кривично дело што градоначалниците ги прекршуваат одредбите од Законот за градење и не преземаат мерки. Ако во случај да следи, да спречува и можеби не успеал да стигне на време, нека објави оглас за фирма, ако не се пријавува двапати согласно Законот за јавни набавки преку договарање, а ако и тоа не може да се случи нека го извести и нека бара од Државниот градежен инспекторат, нека извести други органи. Нема шанса тоа е изговор бидејќи самите градоначалници кога доаѓаат на почеток се растрчуваат да спречат да не градат други, кога почнува притисок од нивни луѓе, условно речено, ќе попуштат, ќе дозволат и после нема да постапуваат. Тврдам морално и под одговорност дека е така. Има исклучоци, рече меѓу другото Бајрами.

Тој праша зошто градоначалниците држат толку вработени, а немаат инспектори кои секој ден ќе следат и навреме ќе направат записници за да не се гради. Според мего, се дозволува да се гради зграда на четири или пет ката, па потоа не може да ја урнат.

Според Шемши Салаи, член на ДКСК, праксата во локалната самоуправа покажува дека поголемиот проблем е во руралните општини, но постапката треба да се изврши заради тоа што треба да спречи незаконското градење.

ДКСК ќе поведе прекршочна постапка за одговорното лице во Јавна Здравствена институција откако подолго време, по два обида, односно барања, не доставиле потребна документација во врска со злоупотреба и искористување на дискреционото право на директорот во постапки за вработување медицински лица. ДКСК повторно ќе достави барање за да биде доставена потребната документација.

Како што појасни Катица Николовска член на Комисијата, имале пречки, односно од здравствена институција не ги доставувале потребните документи.

Според Софка Пејовска-Дојчиновска, член на ДКСК, иако имало уредба од Владата за подигање на одговорноста на носители на функции, односно на раководната структура, во конкретната ситуација, како што рече, раководните лица до кои се обратиле, можеби претпоставуваат дека доколку не достават документација ќе нема што да се прави и ќе се затвори предметот.

– Останува впечатокот дека одреден број, многу од раководните лица, навреме, исцрпно доставуваат податоци, но овие се можеби мал процент, но и тие треба да бидат на ниво на одговорна задача и навремено да одговараат, односно да ги даваат потребните податоци, затоа што на крајот на краиштата не давањето одговори отвора сомнежи дека таму нешто можеби навистина се случува, изјави Пејовска-Дојчиновска на седницата.

ДКСК откако ги проверило сите наоди во коресподенција и со внатрешната контрола во Министерството за култура констатира дека не се потврдуваат наводите од пријава за можна злоупотреба на службената положба во Национална установа од областа на културата во Охрид за нетранспарентна постапка, прекршени процедури и согласно Законот за јавни набавки за давање на користење простор за ставање фрижидер за сладолед во 2019 година.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница го затвори предметот за министерката за култура Ирена Стефоска во однос на проверка на податоците за новоизбрани и именувани лица, односно за новите министри, кои имаа обврска во рок од 30 дена од именувањето да достават анкетен лист.

Министерката Стефоска ја платила глобата, по што ДКСК го затвори предметот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.