Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК се всели во нови простории, обезбедени соодветни услови за новиот софтвер

0
By Нова ТВ on March 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупцијата почна со вселување во новите простории – 2 430 метри квадратни на три ката во зградата на Службата за општи и заеднички работи, спротив МНР, со што се решава просторниот проблем на антикорупционерите и се овозможува ставање во функција на софтверот и опремата за поврзување на антикорупционерите со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси.

Со ова конечно се решава еден наследен проблем и после неколку различни обиди обезбедување соодветни простории за функционирање и работа, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по направениот увид во новите простории заедно со директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

– Оваа влада покажува комплетна насоченост и почитување кон сите независни и регулаторни тела во државата, а пред се кон ДКСК и останатите независни институции. Изминатиот период лично се залижив за Комисијата да добие нови простории и се донесе одлкука на Влада за ДКСК да добие три ката во оваа зграда, што се најдобрите простории со кои моментално располага државата. Со одлука на Валда на ДКСК во рамки на буџетот се одвоија и 49 милиони денари за изработка на регистар за избрани и именувани лица, електронско доставување на изјавата за имотна состојба и интереси, нивно објавување. Систем на прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот региостар, кој што е неопходен за поврзување на ДКСК со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. За овој регистар е објавен меѓународен тендер, по што ќе биде имплементиран, изјави Николовски.

Тој посочи дека веќе се работи на измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, во кој ќе бидат допрецизирани работите кои ДКСК и останатите независни тела и сите ги увделе како недостаоци и недоречености во постојниот закон.

– Во процесот на откривање на корупцијата е важна координацијата и навремена размена на информации меѓу сите надлежни инстуитуции и надлежни тела. Во тој конктест воведовме пракса на редони координации со членовоите на Комисијата еднаш на две недели. Дополнително координацијата со сите антикорупцсики инстутуции, која е под моја надлежност, е важна за спроведување на сите мерки од веќе усвоениот План за борба против корупцијата, изјави Николовски.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека конечно решиле еден од најголемите проблеми на Комисијата, да има сопствен простор каде ќе може соодветно да функционира.

– После се што помина, добро е што конечно се најде решенние. Со тоа решение одговораме на обврските пред меѓународната заедница, која ни испорача помош во вид на опрема – сервери, за кои што конечно во овие простории најдовме соодветни услови. Со тоа се решава едно големо рашање. Останува уште овој простор да се прилагоди за нашите потреби. Тоа ќе одземе некој период на време, но и тоа ќе се заврши, изјави Ивановска.

Во однос на обезбедувањето на софтверот за електронско поврзување со другите институции, Ивановска, рече дека со овогодинешнот буџет Владата обезбедила средства и тие веќе имаат распишано тендер за изработка на апликативно решение, што очекува да биде завршено до крајот на месецот и до крајот на годината да биде целосно применливо.

– За надминување на третиот предизвик – недостиг на човечки ресурси. Согласно планот за нови вработување и унапредувања, веќе постапивме и направивме унапредување на постојните кадри, со што се отвори простор за нови вработувања. Во тек е и таа постапка, да добиеме согласност од надлежните институции и да објавиме јавен конкурс, изјави Ивановска.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски, рече дека ДКСК добила простор од 2 430 метри квадратни во современ објект и дека Службата стои на располагање за се што е потребно.

Во истата зграда со ДКСК се сместени и Финансиската полиција и Управата за разузнавање.

Со новиот буџет за 2021 година ДКСК има и 38 милиони денари за доопремување и модернизирање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.