Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите

0
By Ана Василевска on October 13, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на комисијата (ДКСК) на денешната седница по предметот оформен по сопствена иницијатива во однос на склучени договори за јавна набавка меѓу Општина Охрид и правни лица за уривање на бесправно изградено објекти на територијата на Охрид, констатира дека постои неусогласена законска регулатива, а надлежностите се префрлаат од централна на локална власт.

-По спроведената постапка, констатирано е дека надлежностите само се префрлаат од централната на локалната власт, од еден орган на друг орган, а од инспекциските органи и Министерството за транспорт и врски исто така детектирани се состојби на слабости. Имаме неусогласена законска регулатива, поточно за Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Правилникот за формата и содржината на барањето, потребната документација, образецот и решението за изведување на градбите, рече на денешната седница Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Таа додаде дека ДКСК препорачува при спроведената анализа и проверка на одредбите да се преземат чекори за надминување на оваа состојба. Според она што е утврдено, Ивановска хронолошки образложувајќи го предметот, потсети дека во 2019 година Општина Охрид засилено работела на воспоставување на градежна дисциплина.

-Во 2020 година Владата донесува план за управување со светско природно културно наследство. Планот предвидувал изработка на урбанистички план од државно значење, за површина со кој ќе се овозможи зачувување на крајбрежната функционалност и постапна ревитализација на клучните еко системи кои требало да бидат готови до крајот на 2021 година. ДКСК упатува барање со кое ја повикува Владата да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградени објекти на сите општини во регионот кој е под заштита на УНЕСКО, а Владата како носител на извршната власт да се справи со проблемот за бесправно изградени објекти. Ова барање го упативме до Владата во 2020 година, рече Ивановска.

Таа додаде дека Владата го разгледала барањето на ДКСК и го задолжила Министерството за транспорт и врски да достави мислења со соодветни насоки за постапување до ДКСК.

-Министерството за култура ја известува ДКСК дека студиите за оценка на влијанието за животната средина и оценка на културното наследство за бесправно изградени објекти не се донесени. Управата за животна средина ја известува ДКСК дека немала издадено решение за оцена на влијанието врз животната средина, рече Ивановска.

Ивановска посочи дека е донесен заклучок да запре постапувањето по овој предмет, а да продолжи по новоформираниот предмет.

Дивоградби во Охрид ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.