Излезноста во вториот круг од локалните избори до 17:00 часот, на ниво на цела држава, изнесува околу 42,85%, информира портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.
Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат Вевчани, 75,6%, Конче 73,15 и Ранковце 71%, а најниска излезност до 17:00 часот е забележана во Сарај 23,41, Шуто Оризари 28,48 и Боговиње 30,23.
Што се однесува до Скопје, ДИК информираше дека до 17:00 часот излезноста е околу 40%. Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат Карпош 47,05, Аеродром 42,37%, Ѓорче Петров, 40,73, Гази Баба, 38,18 и Бутел 36,65%.
До 17 часот стигнале 433 приговори од кои 378 се прифатени, 34 одбиени и 21 лице било во Избирачкиот список. До Државната изборна комисија (ДИК) нема пристигнато пријави за инциденти.
Од ДИК соопштија дека продолжување на времето за гласање ќе во девет избирачки места каде сабајлево имаше проблеми со уредите за биометриска идентификација, па гласањето започна подоцна.