Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До 30 јуни краен рок за електронска здравствена картичка

0
By Нова ТВ on April 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите граѓани, физички и правни лица во Македонија најдоцна до 30 јуни треба да ги достават податоците кои се потребни за добивање електронска здравствена картичка. За сите големи и средни претпријатија кои имаат над 20 вработени од 29 април постапката за издавање на електронска здравствена картичка е значително олеснета, односно може да се поднесуваат групни барања и групни уплати.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Јован Грповски.

Министерот Тодоров рече дека по 30 јуни сите кои немаат поднесено апликација за добивање електронска здравствена картичка повеќе нема да добиваат сини картони односно доколку имаат потреба од нив ќе треба да дојдат на шалтерите на Фондот да ги подигнат лично. При подигнувањето на картоните, посочи тој, ќе имаат обврска да ја поднесат апликацијата за електронската здравствена картичка.

– Досега има над 600.000 исперсонализирани податоци и околу 250.000 картички кои се во продукција. Тоа значи дека 850.000 граѓани во Македонија веќе доставиле податоци или добиле електронска здравствена картичка. Остануваат уште еден милион граѓани да достават податоци. Околу 100.000 картички ќе бидат целосно исперсонализирани до крајот на овој или во почетокот на наредниот месец. Имаме собрано дополнителни 150.000 податоци кои се спремни за персонализирање, потенцира Тодоров.

Капацитетот на компанијата која ги печати или ги персонализира електронските здравствени картички, информира министерот, е од 120.000 до 150.000 картички месечно.

– Оние кои поднеле апликација за добивање електронска здравствена картичка до 30 јуни, а се уште ја немаат добиено бидејќи истата се уште не е исперсонализирана поради физичкиот обем на машината која толку може да постигне, тие повторно ќе добиваат сини картони. Тоа значи дека имаме рестриктивна мерка со цел да ги натераме сите осигуреници во Македонија – околу 1,8 милиони, да поднесат апликација за издавање електронска здравствена картичка, истакна Тодоров.

Тој додаде дека електронска здравствена картичка ни е пресудна за да можеме целосно да го користиме интегрираниот здравствен информатички систем особено во делот на закажувањето, електронското упатување и електронските рецепти, нешто што треба да ги намали турканиците во јавните здравствени установи и да овоможи собирање на точна здравствена статистика која потоа ќе се користи при креирање здравствени политики.

– Досега над 300.000 лица имаат подигнато електронска здравствена картичка. За целосно да биде во функција системот нашиот таргет е да бидеме над 1.000.000 издадени картички и тогаш ќе може да кажеме дека најголемиот дел од осигурениците во Македонија имаат картичка и можеме да се потпреме на оваа алатка во здравството, рече Тодоров.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Јован Грповски информирајќи за измените во Правилникот за електронската здравствена картичка, рече дека големите и средни претпријатија електронски треба да го пополнат групното барање за издавање електронска здравствена картичка кое може да се преземе од веб страната на Фондот.

– Претпријатијата од истата е-маил адреса од која го доставиле барањето ќе добијат известување од Фондот за валидноста на податоците и доколку се сите полиња се пополнети и се совпаѓаат со нашата постојна евиденција ќе се поднесе и отпечатен образец до подрачната служба на Фондот. Ако податоците не се совпаѓаат на повратниот е-маил ќе се добие точна информација кои податоци и во кој дел не се совпаѓаат и како да се најде начин тие да се надминат, посочи Грповски.

Тој додаде дека доколку од кои било причини овластеното лице од претпријатието не е во состојба да гарантира за валидноста на податоците тогаш постои опција да се поднесе групно барање, но на класичен начин со прилог на шалтер каде треба да се приложи фотокопија од лична карта и задолжително изјава за согласност за фотокопијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.