До крајот на јануари ќе биде донесена методологијата за спроведување на пописот, објави Заводот за статистика. Од таму велат дека попишувањето со отисок од прст е невозможно, бидејќи станува збор за класифициран податок од МВР.
– Методологијата за спроведување на пописот ќе биде подзаконски акт кој ќе биде јавно објавен и ќе може да го видат сите, изјави Апостол Симовски, директорот на заводот.
За ВМРО-ДПМНЕ е нејасно зошто не се објавува методологијата на попишување во предлог-законот за попис и зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст
Од СДСМ пак денеска реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ само сака да го одложи пописот и да го злоупотреби за дневно-политички поени.
Предлог-законот за попис е ставен на дневен ред на 18 јануари на седница во Собранието.