Скопската општина Бутел додели парични ваучери на најдобрите ученици од општинските основни училишта. Поединечната вредност на ваучерите изнесува од 10.000 до 12.000 денари.
На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им се доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари. На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им се доделени парични ваучери во вредност од 10.000 денари.
„Вложуваме максимално во образованието, континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици“, порача градоначалникот Дарко Костовски.