Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите „13 Ноември“

0
By Нова ТВ on November 14, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчеравечер, во Македонската опера и балет, се одржа свеченоста по повод одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, на која градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници  им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

-Знам дека граѓаните на Скопје избраа живот во модерна Европа, но знам дека овој град е со многу предизвици и јас сум свесен за предизвикот кој го имам пред мене, загадувањето е секако најголемиот, но има и многу други проблеми и во инфраструктурата, урбанизмот, зеленилото…Но, заедно со мојата администрција сме подготвени да инвестираме во заедничката иднина на Скопје и да го направиме функционален град. Сакам да го направиме Скопје град во кој неговите граѓани ќе имаат еднакви можности, град на солидарноста и на мултикултурниот соживот, којшто со години се негува меѓу неговите жители. Град за сите!, изјави градоначалникот Шилегов.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2017 година се:

Од областа на науката:

ХАКИ ИМЕРИ – за континуирани значајни остварувања во областа на науката и образованието.

ГОРАН КОНДОВ- за високи постигнувања  во областа на медицинската наука и хируршката практика.

Од областа на образованието и воспитанието:

ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА -за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на културата и публицистиката:

ДИМИТАР БАШЕВСКИ-за долгогодишни високи остварувања во областа на литературата и културата.

ПУНТОРИЕ МУЧА-ЗИБА -за долгогодишно континуирано успешно литературно творештво.

Од областа на уметноста:

ВАСИЛ АТАНАСОВ -за долгогодишна успешна дејност во областа на музичката уметност.

СТЕФАН ХАЏИ-НИКОЛОВ -за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

Од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност:

РАДЕ ИЛИЕВСКИ-за долгодишна хуманитарна активност.

ЖАН МИТРЕВ  -за долгогодишен врвен придонес во областа на здравствената заштита.

Од областа на спортот:                 

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ -за долгогодишни врвни резултати во областа на фудбалскиот спорт.

АТАНАС НИКОЛОВСКИ -за значајни постигнувања во областа на кајакарскиот спорт.

Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на12-та меѓународна ликовна колонија „Скопје 2017“, а по делувањето на наградите, во чест на добитниците  и по повод празникот на Скопје, се одржа и забавно-музичка програма под мотото ,,Скопје граду мој”.

13 ноември 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.