Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on November 14, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември синоќа во Филхармонијата беа доделени 13-ноемвриските награди на овогодишните добитници, кои дале својот придонес за напредок на Градот Скопје.

Добитници на наградата „13 Ноември“ за 2021 година се:

Од областа на науката – проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами

Од областа на образованието и воспитанието – проф. д-р. Мишо Докмановиќ.

Од областа на публицистиката – Слободан Петровиќ.

Од областа на културата – Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева

Од областа на уметност – Емилија Џипунoва.

Од областа на здравствена заштита – Тим за имунизација од Ковид-19, при Здравствениот дом – Скопје и медицнски тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда – Раде Шербеџија

Од областа на ученици и студенти – Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ и село Стајковци, Општина Гази Баба.

На 1 ноември беше спроведено тајно гласање од страна на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по што претседателката на Комисијата, Вангелина Мојановска ги соопшти добитниците за 2021 година.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Севена Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

 

13 Ноември наградите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.