Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени Златните мравки за 2014 година на највлијателните Албанци во Македонија

0
By Нова ТВ on March 8, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На манифестацијата „Златна Мравка“ која се одржа трета година по ред избрани се највлијателните Албанци во Македонија за 2014 година во повеќе сфери од општествениот и културниот живот.

Се доделија награди за девет категории и исто така беа почестени и еминентни албански личности.

Во однос на институциите со влијание во културата, признанието му припадна на Албанскиот Театар Скопје. Во конкуренција на четири имиња, рок бендот Елита 5 годинава го доби признанието за достигнување во сферата на музиката.

Бесиан Мехмети го доби признанието за најзначителен удел во изминатата 2014 година во полето на визуелната уметност.

Македонскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач во редовите на словенски Марибор, Агим Ибраими ја доби „Златната мравка“ за достигнување во сферата на спортот.


Агим Ибраими

А Талент на годината и добитник на „Златна мравка“ е младиот фудбалер Јасир Асани кој настапува за фудбалскиот клуб Вардар.

Од страна на организаторите, признанието за најзначителен удел во 2014 година на полето на сценската уметност му припадна на режисерот Ибрахим Деари.

Од вкупно четворица номинирани, виолинистката Сихана Бадивуку го доби признанието за најголемо влијание за 2014 година во сферата на класичната музика.

„Патот кон…“, емисијата која оди на Алсат М, како претходната, така и оваа година е наградена за достигнување во медиумите.

Од областа на книжевноста и публицистиката, оваа година, „Златната мравка“ ја добива Арлинд Фаризи кој беше номиниран за неговата книга „Другиот“.

Во текот на вечерта беа доделени и следните награди од организаторите:

Награда за Животно дело:

Изет Цури – Стилист кој со неговите креации имал глобално влијание од Парис до Холивуд. Тој со години живееше во Париз, и работел за најпознатите светски модни куќи. Сега се врати, живее и работи во Скопје.


Изет Цури

– Оваа награда ме почести, но, исто така, ме обврзува да работам уште повеќе, рече со многу скромност Изет Цури.

Мушерефе Лозана – Легендарна актерка на Албанскиот Театар во Скопје. Со нејзината над 60 годишна кариера има даден голем придонес за развитокот на театарот во општо.
Многу емоции и длабок почит покажа публиката за актерката кој одигра повеќе од 150 улоги во текот на нејзината кариера.

„Милингона е Арт“ секоја година доделува уште една награда: Награда за промоција на албански вредности, која ја добива, институција или личнист, не албанец, кои со работата придонеле за запознавање и презентација на албанските вредности во целото општество во Македонија.


Мушерефе Лозана

Оваа година добитник на оваа нагарада е:

Мирјана Малевска, универзитетски професор, која во текот на годините, па дури и во 2014, ги промовира, студира и едуцира албанските вредности, како редовен професор при ЈИЕ (Штуловиот) Унивезитет.

– Ова е прв пат во животот некој да се сети на мене и да ми се доделува барем една благодарница, а не пак ваква награда. Ви благодарам од срце!, рече професорката Малеска.


Мирјана Малеска

Оваа година се додели уште едно признание од „Милингона е Aрт“ за:

Спортско Здружение„ „Стиденти“ – Тетово, за хуманитарната работа и организирање на спортски активноси веќе 7 години, за децата со посебни потреби.

Наградите се доделуваа од еминентни личности од културниот живот во земјата, како што се академски Алајдин Абази, Илире Винца, Насер Селмани, Миранда Хашани и други. Исто така, многу посебна презентација за Слободата на изразување имаше познатиот водител од Албанија, Ади Краста.

Присутни на Гала вечерта беа околу 200 гости, дел од културната, научната, академската и спортската елита на Албанците не само во Македонија но и во региониот. Оваа година, жирито беше составено од: Петрит Сарачини, Теута Ајдини Јегени, Вулнет Таири, Вјолца Бериша, Висар Ганиу и Мерита Максути.

„Милингона е Арт“, се одржа по трети пат, со подршка на Македонски Телеком – генерален спонзор, како и другите покровители Министерство на Култура на РМ, Унија Финансиска Скопје, УНИКА, ЕВН, Порше Македонија, Гемак, УАКС и Град Скопје. Медиските партнери: Алсат М, Скрин Медиа, Весникот Коха, Порталб, НОВАТВ и Радио Вати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.