Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделување сертификати на првата група социјални ментори

0
By Ivana on March 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денеска ќе им бидат доделени сертификати на првата група социјални ментори (ментори за работна интеграција) од Републикава, кои треба да бидат партнери на компаниите и на институциите, во процесот на интеграција на ранливите лица на пазарот на трудот.

Низ верификуваната програма поминале 12 социјални ментори, кои освен со теоретски дел, знаењата ги заокружиле и со практичен дел и генерирале резултати кои, како што велат организаторите, значат позитивна промена во животите на тешковработливите лица.

Социјалните ментори, нагласуваат, се алката што го прави спојот меѓу социјалната заштита и пазарот на труд. Тие ги поттикнуваат афинитетите кај потешковработливите лица, овозможуваат наградување на нивните капацитети и го трасираат нивниот пат кон пазарот на труд градејќи релации со бизнис секторот.

-Улогата на социјалните ментори е да бидат партнери на компаниите и на институциите, во процесот на интеграција на ранливите лица на пазарот на трудот. Но, пред сѐ, тие се партнер на менторираните лица кои имаат потреба од поддршка при работна интеграција. Нивна главна интенција е да охрабрат, поттикнат, насочат, придвижат, променат. Да бидат мост помеѓу замислата за промена и вистинската промена. И сето тоа со една цел – создавање повеќе инклузивни работни места кои се од огромно значење за креирањето одржливи општества со еднакви можности за сите, се вели во соопштението по повод доделувањето на сертификатите.

Креатор на методологијата и на едукативната програма за социјално менторство е Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, која преку „Регионалното унапредување на социјалното менторство како пристап за активирање на пазарот на трудот за ранливите лица“ во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) внесува промени во системите на социјална заштита во Македонија и во Западниот Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.