Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина не може да опстане, но и дека претставникот на меѓународната заедница Валентин Инцко е лажго:
-БиХ пропадна уште пред да се формира и нема шанси да преживее. Тоа не може да го променат ниту „сите напори, масовни операции и лаги од страна на Инцко
Додик го нападна Инцко поради неговиот последен извештај за состојбите во БиХ наменет за Советот за безбедност на ОН, во кое се нагласува дека Република Српска настојува да го оспори територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ со закани за одвојување.
-Тој (Инцко) се повикува на лаги и на тврдења кои не постојат. Тоа е лажен извештај, рече Додик нагласувајќи дека Република Српска со нападите врз Судот и Обвинителството на БиХ не го урива уставниот поредок, бидејќи „тие институции ги нема во Уставот. Инцко е патолошки лажго, рече Додик.