Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Догледање, Горан

0
By Биљана Секуловска on December 1, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерта кога слушнавме дека Горан Стефановски заминал, ни се случи бомбардирање од- “Догледање, Горан”.

Се собравме сите, и знајни и незнајни, со сила од младоста и со помалку моќ да се крепиме со годините, сите напишаа по некој збор, сите потонати во шок, сите небаре патетиката е она што од нас останало и што знаеме да понудиме.

Е, сега, сите му се обраќавме по име како да го знаеме, како да сме биле негов дел и тој наш, како да ни влегувал во животите, како да било тоа секојдневно, засекогаш. Како, како, како да било тоа навистина така. А, било.

Па, делевме и цитираавме негови драми, есеи, важни мисли, заеднички слики, спомени, книги, драми, есеи, сеќавања, цитати и нафрлени зборчиња, драми, реплики, спомени, писма.

Така, сега некој би помислил дека сме замислиле сенешто, па го претставуваме како наш- така би заклучил некој, само така би помислил некој, кој не нè познава, кој не знае ништо за нас.

Значи, би помислил дека сме умислиле дека го познаваме, само некој што не знае дека сè што е наше и негово е навистина се заедничко, дека тој сме ние.

Дека Горан Стефановски беше наш, дел од нашите животи,  дека така и ќе биде и до смртта, а и после неа, така го овластивме, како што тој му објави на Крап, откако му напиша- “Догледање”.

Којзнае Горан Стефановски дали тоа го знаеше и дали некој и му го кажал, но мора да претпоставувал, нè задолжил, сме го задолжиле, сметките не се полагаат, ниту расчистуваат во вакви животи кои ние ги имавме со него.

Тоа што се знае е дека сè што имавме е заедничко, дека секој збор негов беше, и наш, така и научивме да зборуваме и после и да читаме.

Го знаеме сам, го знаеме и заедно со Унковски, го знаеме Унко и без Горан, и Горан со Ненад Стојановски, и со Милица Стојанова, и двајцата со нив, знаеме сè што ни треба, ништо отповеќе, можеби е премалку, сигурно е малку, а што да се прави сега, никогаш и не е доволно.

Не знам дали знаеше дека тој беше нашиот јазик, оној што го имаме од Блаже Конески, Петре М. Андреевски, нашиот јазик беше од Горан Стефановски, од сите нив.

Горан Стефановски е нашиот идентитет, точно нè познаваше за да ни соопшти што сме сите ние- она што сме и што мразиме да бидеме, а сепак сме, она од што се срамиме што сме, што сме станале низ годините, а остануваме такви, она што се гордееме дека сме, и навистина сме, она што подвлекуваме кога сме а и кога не сме.

Во тоа писмо за догледање, Горан го задолжи Крап- да има на ум и тоа да се оствари- да отвори “небесна меана”, таа да биде насред некое ново Дебар Маало, но не ова што го знаеме, сегашново, “што (го) расипавме кога го губевме умот”.

Не ова, што нè загуши, нè дотолчи, не ова што не можеме да одиме и не знаеме како, не ова со зградиве кои ни натежнуваат, и колите кои не истеруваат и од улиците, па се движиме како по циркуска жица од која секој момент ќе се срушиме . “Ебави младоста. Сè ќе запустите”.

Горан сакаше од Крап да нè врати во детството, кај што сме пораснале, како да ја опишал куќата на баба ми Благуна, карши Железничката зграда, со дворчето и куќарките за кираџиите околу, исти такви замислил и му ги нарачал педантно на Крап:

“Направи мали куќарки со дворчиња, пумпи за вода и клупи, саксии босилек, плотови, лозници, шимшир порти, леи џунџулиња и каранфили, мирис на липи, паркови, бакнежи топли како младост”.

Сега можеме и ние да му кажеме “Догледање” на Горан Стефановски, затоа што знаеме каде ќе се сретнеме.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.