Пред да заминат на пауза од координативната средба, партиите договориле Комисијата за именување и избори да биде составена од 13 членови, односно, ВМРО ДПМНЕ да има 6 члена, СДСМ 5 члена, а ДУИ и Беса по еден член, брифираат партиски извори.
Средбата ќе продолжи во 15.30 часот, кога треба да се избере и нејзин претседател.
На продолжението на координацијата партиите треба да ги кажат имињата на членовите, а се очекува попладне да биде постигнат и договор за продолжување на конститутивната седница на Собранието.