Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорот преживеа – Македонија доби преодна влада

0
By Сашка Цветковска on November 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиите потписнички на Договорот од 2.јуни познат како договорот од Пржино по долги и мачни преговори рано утринава успеаја да се договорат за Законот за влада, Законот за дојавувачи на корупција, како и Законот за заштита на приватноста кој што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со таканаречените „бомби“.

СДСМ ги доби договорените позиции во министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, а постигнат е и договор за изборот на заменици во секое министерства.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски ќе биде министер за внатрешни работи, потпретседателката Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика, заменик министер за финансии од редовите на опозицијата во министертвото за финасии е Кире Наумовов, потпретседателот Александар Кирацовски доаѓа на позицијата заменик министер за информатичко општество, а шефот на кабинетот на Зоран Заев, Љупчо Николовски ќе биде заменик министер за земјоделие.

– Ова го правиме да добиеме гаранција за граѓаните за слободно изразена волја на изборите на 24-ти април, каде што покрај власта, гарантира и опозицијата. Истовремено, во овој период да ја подобриме нашата Македонија со демократизација на институциите, пред `се во делот на медиумите, во правосудството, во другите корективи во општеството, како Антикорупциската комисија и некои други институции, затоа што зголемена демократија во институциите ќе значи дека сите сме победници , рече лидеррот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на средбата рано утринава.

– Изборите се желба на ВМРО-ДПМНЕ да се излезе пред граѓаните и граѓаните да го дадат својот суд. Тие се тие што одлучуваат. Тие и овојпат ќе покажат пред целата европска и светска јавност дека не е можно со валкани игри да се дојде до победа. Тоа сакам да го види СДСМ. Да се покаже дека со интриги и валкани игри, манесто со труд и работа не се доаѓа на власт, рече премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на крајот од средбата.

Избран беше и тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Со ова се затворија некои од точките кои беа најголеми сопки во процесот на имплементација на Договорот од Пржино.

Токму изборот на министри од редовите на опозицијата кој требаше да се случи на 20 октомври речиси го загрози опстанокот на договорот. Странските медијатори и отворено ја посочија вината во владејачката партија за прекинот во процесот на преговори.

Претходно проблем имаше и со тимот на Јанева кога судските институции наместо бараните 14 обвиниттели и одобрија тим од само 7 обвинители. Специјалното обвинителство има задача да ги истражи индициите за корупција и организиран криминал кои поттекнуваат од објавените прислушувани материјали коишто на почетокот на оваа година во серијал го објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Во јануари се очекува и оставка на премиерот Никола Груевски како дел од договорот од Пржино, а во пресрет на предвременитте парламентарни избори во април 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.