Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Doing Business: зошто и како Македонија „ја тепа“ Швајцарија?

0
By Светлана Јовановска on November 4, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија бележи фамозни резултати во извештајот Doing Business на Светската банка и се вредува во најдобрите економии во Европа. Толку фамозни што Косово и Русија одлучиле да вработат македонски експерти кои ќе им помогнат да го подобрат имиџот на нивните земји!

Се разбира, ова е шега на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) која објави анализа за извештаите и топ листите на оваа респектабилна финансиска институција.

ЕСИ одлучи од поблиску да ги погледне бројките на Doing Business и да провери дали Македонија и други земји како Грузија или Белорусија навистина се толку многу успешни, поуспешни од многу други европски економии и во овој случај Германија и Швајцарија.

Резултатот на анализата е поразителен за кредибилитетот на Doing Business.

Така, според овој извештај за 2013 година Македонија е на 25 место во светот додека Швајцарија се рангира на 29 место. Грузија е на 8 место а Германија на 21 место. ЕСИ реши да одговори на прашањето како е можно Грузија да има подобра бизнис клима од Германија и тоа во текот на повеќе години и како Македонија успева да биде подобра од Швајцарија?

Според ЕСИ, ранграњето на Doing Business се состои од 10 различни индикатори и земјите добиваат оценка за секој од овие индикатори. Така, Грузија и Македонија имаат високи места во само неколку индикатори: двете земји добиваа висока оценка за добивање кредит и старт на бизнис, Грузија е одлична за начинот на кој се регистрира имот а Македонија за заштитата на инвеститорите.

Според ЕСИ, Doing Business порачува дека квалитетот на бизнисот и неговата регулатива во Македонија можат да се споредат со Швајцарија благодарение само на десет индикатори е проблематична теорија. «Во погрешна насока води сугестијата дека бизнис климата може да зависи од бројот на деновите за да се регистрира продавница или кафетерија», вели ЕСИ.

Анализата на Doing Business не зема во предвид многу други есенцијални фактори за да се инвестира во една земја како на пример безбедноста, големината на пазарот, макроекономската стабилност, состојбата на финансискиот систем и обуката на работната сила.

Doing Business според ЕСИ може да направи штета бидејќи сугерира дека клучните проблеми во земја како Македонија лесно се идентификуваат и можат да се решат без вистинско разбирање на локалните компаративни предности и маани на постоечките бизниси или индустриското наследство.

Наскoро на НОВА ќе може да го прочитате интегралниот текст од анализата на Европската инцијатива за стабилност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.