Кандидатот на демократите Џо Бајден го презеде водството во Џорџија, каде досега се преброени 99% од гласовите во државата. Во меѓувреме, во Пенсилванија, Бајден заостанува само 18.000 гласови зад Трамп со, иако во еден момент заостануваше со повеќе од половина милион изборени гласови.
Остануваат да се пребројат гласовите од т.н плаво обоени области, односно аналитичарите сметаат дека огромен број од нив ќе бидат во полза на Бајден. Трамп не може да дојде до неопходните 270 изборни гласови без 16-те изборни гласа на Џорџија и 20-те изборни гласа на Пенсилванија, така што неговите шанси да обезбеди реизбор ќе зависат од развојот на настаните во двете држави.
Во моментов, Бајден има 253 изборни гласови. Ако ја освои Пенсилванија, тој е над прагот од 270. Ако ја освои Џорџија, тој има 269 изборни гласови.
Уште во четири држави – Алјаска, Аризона, Невада и Северна Каролина – гласовите сè уште не обработени до крај. Трамп води во Алјаска и Северна Каролина, додека Бајден води во Аризона и Невада.