Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов бран на корона во февруари, доколку не го корегираме нашето однесување

0
By Ivana on October 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку за месец и половина граѓаните не се корегираат во своето однесување и сериозно не пристапат кон почитување на мерките од надлежните институции, во февруари не очекува нов бран на Ковид-19, предупредуваат македонските епидемиолози. Според нив дневните бројки на новозаразени со коронавирус во Македонија од пред десетина дена повторно почнаа благо да растат, а се намалува и интересот за вакцинација.

– Не сум оптимист со оглед на тоа како сите колективно се однесуваме. Не носат маски, не сакаат да се вакцинираат, а повторно проблем се собиранките на младите во затворените кафулиња и ресторани. Што ако повозрасните лица седат дома, кога малдите шетаат и не внимаваат на мерките и вирусот го носат дома, истакна епидемиологот Сашко Олумчев.

Тој потенцира дека на удар на во моментов се младите, а причина за сè поголемиот број заразени меѓу оваа популација е ниската стапка на вакцинација.

– Се поголем е бројот на новозаразени средношколци и основци кои не ги почитуваат мерките и одбиваат да се вакцинираат. Колку и да одбиваат, сепак мора да разберат дека вакцинацијата и носењето маски е единствениот начин да се заштитиме и ставиме карј на епидемијата, додава Олумчев.

Евидентен е резултатот од вакцините, но интересот за третата доза во моментов на вакцина е голем, а стагнира бројот на оние кои треба да ја примат првата доза на вакцина. Затоа, како што потенцира Олумчев, треба да се интензивираат напорите да се едуцираат граѓаните за тоа кои се бенефитите, ефикасноста и безбедноста на вакцините.

Истражувањата покажуваат дека ефикасноста на вакцините се намалува шест месеци по примањето на втората доза, па многу земји воведоа вакцинирање со трета доза како засилувач на имунитетот, најмалку шест месеци по примањето на втората.

Владата пред некој месец воведе задолжителен вакцинален сертификат за влез и излез од земјава и за влез во угостителски објекти и затворени трговски центри, а пред неколку дена ги укина ограничувањата за максимално дозволен број на гости на една маса во кафеаните, како и за дозволениот број гости во објектите.

Од почетокот на пандемијата пред година и половина досега во Македонија се регистрирани над 200 илјади случаи на коронавирус, што значи дека секој десетти човек ја прележал болеста. Над 7 илјади луѓе починаа од вирусот, а во моментов има над 6 илјади заболени.

И.Р.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.