Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докторе Зафиров, ние не сме обични, прости овчари

0
By Биљана Секуловска on April 10, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трагичната приказна за овчарот од Кратовско веќе ја знаете. Тој човек пет часа бил носен низ снег на носилка, од страна на медицинска екипа и негови роднини, за да го спасат неговиот живот. Се започнало кога лекарот од Итната помош Павле Зафиров ги слушнал лелеците на мајката на овчарот, 90 годишна мајка, која само едно барала и молела- да се спаси нејзиниот син. Тој претходно 12 часа лежел во снег во близина на неговиот дом, заради што имал мозочно крварење и она што морало да се стори итно- да се транспортира во болница.

Но, како што објави на Фејсбук лекарот Зафиров, “замислете- секаде каде што се јавивме или пративме некого да праша, ни беше речено дека не можат да помогнат: Противпожарната единица не можелa, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, колегите од Здравствениот дом Кратово се јавувале и во полициска станица, но искрено не знам што им било речено, а од Општина Кратово и на личниот број на градоначалникот не не удостоија ни да кренат слушалка.”

Се разбира, докторот Зафиров во неговото јавно обраќање бара одговорност од надлежните, и ним им се обраќа со име и презиме: Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, Љупчо Бојаџиев, градоначалник на Кратово- за што сте надлежни господа?

Мислам дека на докторот Зафиров му е совршено јасно и одлично го знае одговорот. Не, не мислам, туку сум сосема сигурна дека ги знае сите одговори на овој свет. Особено оној- дека никој од надлежните не може да биде надлежен за еден овчар. Со овчарот не можете далеку да стигнете, всушност, не можете никаде да стигнете. Кажете чесно- што воопшто може да имате од еден овчар? Што можете да добиете, добога, кажете една буква, која може потоа да се претвори во разбирлив слог, во еден збор кој ќе значи нешто?

Пространи канцеларии, заоблени стомаци кои се прелеваат, бесмислени фунции, срамни удопства, крвави очи после долги часови  поминати во криза за барање уште една флаша виски. Тоа ви е докторе Зафиров, еден залудно поминат живот, залудно потрошен живот, за разлика од вашиот, за разлика од оној на овчарот. За кој е важно да се каже дека бил овчар, особено е важно да се потцрта дека бил еден обичен, прост овчар. Онака како што вие сте еден обичен, прост доктор. Онака како што сум јас еден обичен, прост новинар. Онака како што сите граѓани во оваа земја кои немаат важни и неразбирливи функции, се обични, прости граѓани. И тоа е најголемата чест што можете да ја имате и да ја добиете низ животот.

Онака како што единственото паметно нешто го кажа низ целава оваа приказна е еден фунцкционер, Никола Димитров, кој рече- “Треба да се забрани со закон фразата- не сме надлежни”. Очекувам и тој да стане еден обичен, прост функционер, чии зборови брзо се забораваат и не тежат ништо, и не значат апсолутно ништо, еднакво како на останатите обични, прости граѓани.

Стојанче Ангелов и Љупчо Бојаџиев никогаш нема да станат обични, прости овчари, доколку не се сети еден ден Заев на нив. Но, за да се сети, самиот Заев треба да стане еден обичен, прост овчар, како сите нас. Тогаш кога ќе се претвори во она што ние сме денес, тогаш кога ќе разбере дека најголемата чест и достигнување во животот е да се биде еден обичен и прост овчар, тогаш дури ќе заплаче над приказната на докторот Зафиров, и особено над ова што тој го напиша:

“Доживеав 90-годишна мајка низ солзи и лелеци да не моли да го спасиме нејзиниот син, носејќи го на грб по истите козји патеки по кои таа им носела храна на партизаните, кои со крв ја изградиле денешната држава која не сакаше да му помогне на син и.”

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.