Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докторка за која се води истрага во Хрватска лекува деца на дежурство

0
By Менче Атанасова Точи on March 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонската докторка Милица Икономова за која што во хрватското обвинителство се води истрага, веќе една година ги лекува децата во дежурниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Пунктот е во надлежност на Министерството за здравство кое ја ангажирало Икономова како педијатар за да ги лекува децата бидејќи нема дежурни педијатри.

Против докторката Икономова за која пишуваа сите хрватски медиуми и против која имаше петиција со 5000 потписи од родители, се води истрага во хрватското обвинителство за фалсификување и допишување на податоци во медицинската документација на бебиња, предмет кој е поднесен на 24 ноември 2014 година, потврдија за НОВА во Министерството за здравство на Хрватска.

На македонската докторка и се товари дека во време додека работела во родилиштето во Сисак им измислувала болести на бебињата, ги праќала на допилнителни непотребни испитувања, повеќето од децата завршувале на инфузии, во инкубатори со тешки дијагнози и на антибиотици, на мајките им забранувала да дојат со образложение дека е тоа штетно за децата. Во моментот кога била спроведена истрага која ја барале и нејзините колеги лекари, Икономова веќе не работела во болницата, се вели во одговорот од хрватското Министерство.

„На 21 октомври 2014 та година извршен е здравствен и инспекциски надзор во болницата „Др. Иво Педишиќ“ во Сисак во одделот за здравствена заштита на доенчиња и деца. Врз основа на документацијата и во разговор со лекарите утврдено е дека постои зголемување на некои дијагностички постапки кои отскокнуваат од вообичаената пракса во болницата и од добрата клиничка пракса. Утврдено е зачестеност и продолжување на хоспитализацијата на новороденчињата, одвојувања од мајките и внесување на вештачка исхрана, зголемен е број на микробиолошки испитувања и на деца кои биле ставани на инфузија. Во исто време имало не примерна комуникација со вработените и со пациентите. Поради основано сомнение за наводно фалсификување и допишување на податоци во медицинската документација од страна на Милица Икономова оформен е предмет кој е поднесен на 24 ноември 2014 година во хрватското обвинителство за понатамошно постапување“, велат за НОВА од Министерството за здравство на Хрватска.

НОВА побара одговор од докторката Милица Икономова која сега работи како педијатар на најударниот, дежурниот пунк каде што доаѓаат ургентните случаи, на деца, но таа на груб начин се обиде да ни одржи лекција за новинарство, при тоа нагласувајќи дека треба да си обезбедиме и дозвола од надлежните за таа да даде изјава. Од Министерството за здравство пак велат дека таква дозвола не е потребна доколку докторката сака да даде изјава за случајот.

Во ресорното Министерство прашавме како оваа докторка е ангажирана и вработена на вака одговорно место, во дежурен педијатрски пунт и лекува болни деца, со оглед на тоа што против неа во хрватското обвинителство се води истрага за фалсификување и допишување на податоци во медицинската документација на деца во болницата во Сисак.

„Во врска со вашето прашање од Лекарската комора сме информирани дека се испочитувани потребните процедури за обновување на лиценцата на споменатата докторка, а во рамки на процедурата од Лекарската комора на Хрватска е добиена официјална потврда дека пред надлежните органи во Хрватска нема поднесено претставка за работата на конкретната докторка и врз основа на тоа Етичката комисија на Лекарската комора одобрила обновување на лиценцата“, велат за НОВА од Министерството за здравство.

Сепак, од таму нагласија дека ќе побараат од Лекарската комора да го испита целиот случај.

Од Министерството информираат дека во Државниот санитарен и здравствен инспекторат до овој момент не е поднесена претставка, ниту пријава од страна на родител или пациент за работата на докторката.

„Сепак потенцираме дека ангажирањето на еден доктор во јавна здравствена установа се врши исклучиво врз основа на поседување на потребната документација со кои се потврдува стручноста и компетентноста на докторот. Во конкретниот случај, споменатата докторка ја поседува потребната документација за вршење медицинска дејност, односно диплома за завршено високо образование од областа на медицинските науки (конкретно, завршен Медицински факултет во Белград), завршена специјализација од областа на педијатрија во Скопје, како и стекната лиценца за вршење дејност издадена од Лекарската комора на Македонија (со времетраење од 7 години), односно ги исполнува потребните услови за ангажирање во јавна здравствена установа’ потенцираат од Министерството за здравство.

Во Лекарската комора на РМ објаснуваат дека докторката Милица Икономова кон крајот на 2014 та година побарала обновување на лиценцата за работа. Имајќи ги во предвид написите во хрватските медиуми, службите во комората надвор од стандардите побарале мислење о д Лекарската комора на Хрватска.

„Од таму добивме одговор дека против докторката не се води никаков процес за одземање на лиценцата за работа. Лекарската комора не може да одземе лиценца се додека не се заврши некој случај,а се додека има предмет во постапка не може да се превземе ништо. Во меѓувреме докторката аплицирала кај нас за да си ја обнови лиценцата и најрегуларно си добила лиценца за работа“, изјави за НОВА Ленче Неловска потпретседателка на Лекарската комора.

НОВА започна да истражува на случајот кога минатата недела во емисијата ПРОЦЕС на НОВА, Марија Христова, професорка и искусен педијатар изјави дека забележала дека родители раскажуваат иста приказна, се жалат дека сите деца во дежурниот педијатарски пункт добиваат антибиотик “Амиксиклав“, наспроти залагањата на педијатрите да не се дава антибиотик, а потоа децата се препраќаат на детската клиника и во болницата во Козле. Информацијата ја потврди и др.Маја Ивановска од Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, која нагласи дека и покрај постоењето на дежурниот педијатарски пункт бројот на децата за време на дежурство е секогаш ист, односно има многу случаи, дури по 300 за време на викендите.

„Родителите сами кажуваат, одиме во дежурниот пункт во „Јане Сандански“ќе ни даде „Амиксиклав“ и ни вика одите на детска клиника или во болницата во Козле, а ние сме против употребата на антибиотици“, изјави во ПРОЦЕС, др.Марија Христова педијатар.
„Тоа е точно и јас можам да го потврдам“, рече др. Маја Ивановска од Клиниката за детски болести.

Хрватска се крена на нозе кога повеќе од 5000 мајки покренаа петиција обвинувајќи ја докторката Милица Икономова за несовесно лекување, дека на новороденчињата и бебињата им измислува болести и ги праќа на непотребни дополнителни испитувања, ги навредувала мајките, ги фалсификувала документите. Трауматичните искуства мајките ги споделија на националната телевизија и во останатите хрватски медиуми. Тогаш Икономова се правдаше дека е од друга земја и мора да биде внимателна со бебињата.

Во моментот кога започнала истрага во хрватското Обвинителство докторката се вратила во Македонија каде и е обновена лиценцата за работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.