Од долго лежење во болница се влоши здравствената состојба на бебето Најден. Четирите месеци поминати во болница си го направија свеото Најден има проблем со едното белодробно крило. Бебето кое беше фрлено со пресечен јазик во двор во Арачиново иако закрепна од првичните повреди сега се соочува со нова криза.
Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова вели дека неговата состојба се влошила во саботата навечер.
-Најден се наоѓа на оделението за интензивна нега и е проиклучен на апарати за дишење. Целиот персонал се грижи за него и се надеваме дека и оваа криза ќе ја преброди изјави за НОВА Софијанова.
Откако беше опериран Најден закрепна од првичните повреди и беше префрлен на одделението за доенчиња на Клиниката за детски болести. Долгото лежење, немањето контакт со чист воздух и сонце влијаеле состојбата на бебето да се влоши.
Во меѓувреме граѓаните организираа разни хуманитарни настани за финансиски да го подржат неговиот престој во болницата. Полицијата сеуште трага по неговите родители или по сторите на грозоморниот чин кога бебето завиткано во крпи, облеано во крв беше фрлено во грмушки во двор во скоспко Арачиново.