Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ е против билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес

0
By Mirjana on July 4, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„ ДОМ  е против, билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес. Она што ние сакаме да постигнеме во преговорите со ЕУ се стандарди според  Копенхашките критериуми, како што се владеење на правото, човековите права, борбата со корупцијата, заштитата на животната средина .. ако во преговарачката рамка има прашања од областа на образованието и историјата, процесот би се нашол во слепа улица и ќе биде невозможно да се дојде до решение кое би одело во правец на тоа се да заврши во период кој би бил предвидлив и претставува преседан, билатерални прашања да се внесуваат во преговарачки процес, изјави за НоваТВ претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин, прашана да ја коментира позицијата на ДОМ изнесена на  синоќешната  средба за преговарачката рамка на коалиционите партии од власта.

Според Морачанин  европски терк и пракса е ваквите прашања да се предмет на комисии, точно како што е Комисијата за образовни програми и историја со Бугарија, во кои луѓе од науката дискутираат со години на одредени теми, без политички притисок и временска одредница.

„ Овие теми треба да се надвор од политиката и ова е суштинско за ДОМ и тоа е наш конзистентен став, вели Морачанин која додава дека сите овие документи тргнувајќи од преговарачка рамка до Протокол кој не го виделе и кој не бил објавен ниту на Англиски јазик, треба да бидат преведени на Македонски јазик и поделени на сите, нешто што како предлог на ДОМ, било  прифатено, изјави за НоваТВ Морачанин.

ДОМ бара овие прашања да не ги решава само Владата туку да бидат поставени на пленарна седница на Парламентот  во чии рамки би имале можност да дебатираат сите пратеници од сите парламентарни политички провиниенции. 

На средбата за Македонскиот јазик им било посочено дека ќе биде чист без фусноти и дообјаснувања, нo дека бугарската страна само еднаш ќе имала некаква изјава во врска со нашиот официјален јазик.

„Еве и во услови кога го прифаќаме ова, тешко е разбирлива таа бугарска позиција за Македонскиот јазик, вели Морачанин, зашто не е на една земја членка на ЕУ да оспорува јазик на друга земја.  Тоа ја зголемува  недовербата и наметнува сомнеж за искрените намери за градење добрососедски односи, изјави Морачанин за НоваТВ.

Мирјана Трпческа 

ДОМ МОРАЧАНИН ЗА ФРАНЦЅУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.